Jaguar I-Pace освежен и со повеќе технологија и побрзо полнење

Од Jaguar го најавија I-Pace за моделска 2021 година, а електричниот SUV добива дополнителни технолошки карактеристики и скромни измени во дизајнот…

Две години по лансирањето, во јуни 2018 година, Jaguar го освежи I-Pace за 2021 година. Не станува збор за класичен редизајн, туку повеќе за унапредување на повеќе работи, почнувајќи од електричниот погон, но и технологијата.

Така, Jaguar I-Pace доби нов информативно забавен систем, како и побрзо полнење во промените кои се најавени за моделот за 2021 година. Новиот информативно забавен систем наречен Pivi Pro, веќе се појави кај новиот Land Rover Defender, a I-Pace станува првиот Jaguar кој ќе може да се пофали со истиот.

Инаку, Pivi Pro го опишуваат како „интуитивен како да користите паметен телефон“, а овозможува пристап до различни функции кои се прикажуваат на 10-инчен екран на допир, кој се приклучува на 5-инчниот екран кој е поставен подолу и 12,3-инчната дигитална инструмент табла.

Покрај тоа, електричниот SUV на Jaguar има и опционална подлога за безжично полнење која е поставена под централната конзола. Пакетот за паметни телефони со себе ги носи стандардните Apple CarPlay, Android Auto и Bluetooth кој може да спои два телефони одеднаш, додека како стандарден дел пристигнува и 4G SIM кој овозможува пристап до интернет, како и Spotify апликација.

Систем камера од 360-степен е стандард, а видливоста кон задниот дел сега е подобрена со воведувањето на ClearSight дигиталниот ретровизор кој користи широко аголна камера интегрирана во антенскиот модул на задниот дел од покривот.

Опција е Meridian аудио системот што исто така е ажуриран и содржи два дополнителни звучника, со што се доаѓа до бројката од 16 звучници и еден сабвуфер. Современиот систем за филтрирање на воздухот исто така е дел од понудата и ќе може да го филтрира воздухот во кабината пред да започнете со патувањето.

Достапен во сите модели во гамата, новата Black Pack опција се надополнува со Atlas Grey финишот на решетката, што исто така е новитет. Тоа носи разнобоен изглед за одредени делови, вклучително и Noble Chrome обвивката на решетката, Satin Chrome лајсните на прозорците, Atlas Grey капачиња за страничните ретровизори и заден дифузор.

Моќно делува Black Pack опцијата што додава и сјајна црна завршница на задните значки.

Кога станува збор за боите, палетата за Jaguar I-Pace е проширена и вклучува Caldera црвена, Portofino сина и Eiger сива боја.

Исто така на купувачите им  е достапен дополнителен избор за тркала (фелни).

Покрај тоа унапреден – подобрен е и процесот за полнење, надополнување на пакетот батерии.

Имено,  Jaguar I-Pace сега го  доби 11 kW трофазниот полнач кој овозможува забрзување на процесот за полнење во домашни услови, а исто така во овој режим автономијата се зголемува за 53 километри за еден час (WLTP) додека. Целосното полнење трае 8,6 часа, 12,75 часа преку 7 kW полнач.

Со користење на брз полнач при 50 kW автомобилот достигнува до 63 километри автономија за 15 минути.

При полнење со 100 kW полнач овие бројки двојно растат!.

Благодарение на искуството од Formula E, софтверот за менаџирање на батеријата е унапреден и со тоа се зголемува автономијата за некои 20 км без промена на хардверот.

Jaguar I-Pace е задвижуван од два електромотори кои испорачуваат вкупно 394 КС и 696 Nm вртежен момент.

Моделот ја задржува батеријата со капацитет од 90 kWh која нуди автономија до 470 км, со едно полнење на истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS