Jaguar J -Pace со хибриден PHEV погон

Во моментов на автомобилскиот пазар на глобално ниво владее „глад“SUVвозилата и да се поседува crossover и SUV автомобил во рамките на понудата на производителот е поважно и од електрификацијата на погоснките системи, но од Jaguar по однос на тоа се посветени и фокусирани и на двата фронта

Според пишувањето на магазинот Autocar, од велика Британија, Jaguar во блска иднина ќе претстави уште едн SUV што ќе биде достапен со  plug-in hybrid (PHEV) погонски систем.

Станува збор за моделот J-Pace (официјано не е потврдено името), односно голем SUV што ќе се позиционира на врвот на понудата на Jaguarи ќе биде ривал на нмоделите: Audi Q8, BMW X6, Mercedes GLE Coupe Porsche Cayenne…

Моделот би требало да биде изграден околу bMLA платформата, a на купувачите покрај стандардната бензинска изведба ќе им биде понудена и моќна PHEV верзија.

Ако побарувачката биде задоволувачка, Jaguar ќе биде подгогтвен да лансира и целосно електрична верзија.

Понудата би требало да стартува со бензински мотор со четири цилиндри, но се верува дека купувачите ќе бидат позаинтересирани за посилниот plug-in хибрид.

Од бритснски извори доаѓа и информацијата дека неговиот погонсски склоп ќе биде сочинет од бензински турбо мотор со директно вбризгување, со шест цилиндри во комбинација со електромотор задолжен за задвижување на тркалата од задната оска.

Таа изведба со погон 4×4 ќе нуди и автономија на возење само на струја од околу 80 km.

Исто така, J-Pace би требало да биде долг околу 4,9 m со што пространоста на богато опремената со напредна технологија и од високо квалитетни материјали изработена кабина ќебиде раскошна.

Истот важи и за багажниот простор што во основа ќе располага со капацитет од 620 L.

Кога на сето тоа ќе се додаде атрактивниот и елегантен дизајн што го негува Jaguar не се сомневаме дека побарувачката за големиот SUV на Британците ќе биде одлична.

Само како потсетување ќе наведеме дека, Jaguar во овој момент, засега, во понуда ги има моделите E-Pace и F-Pace, како и електричниот SUV – моделот jaguar I-Pace.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW M8 MotoGP Safety Car

Lamborghini на “ниет“ за влез во нова hyper класа на Le Mans!

Audi ќе ја збогати палетата на RS модели со шест новитети

Во Renault F1 болидот за тековната сезона галопираат над 1.000 КС

Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP

На Стефановски му одземаа подиум со 25 секунди казна

Му ја украдоа победата на Иџе, па жестоко удри по Италијанците

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!