Jaguar Land Rover против корона вирусот

Land Rover соработува со Меѓународната федерација на организацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина повеќе од 65 години, финансирајќи ги проектите за подготовки за катастрофи и реагирање на вонредни ситуации ширум светот…

Дека свеските производители на автомобили се приклучија во борбата против глобалната пандемија на корона вирусот сведочи и примерот на компанијата Jaguar Land Rover, која глобално распореди повеќе од 160 возила како поддршка на организацијата за реагирање во кризни ситуации кава што е и оваа што во моментов го зафати сиот свет.


Вкупно 57 возила, вклучувајќи и 27 нови модели на Defender, се предадени на Црвениот крст на Велика Британија за дотур на лекови и храна на луѓето во Велика Британија, на кои сега им е потребна дополнителна поддршка поради правилото за социјалната оддалеченост.


Дополнителни 65 возила се ставени на располагање на Црвениот крст во Австралија, Шпанија, Јужна Африка и Франција, a се очекува уште возила дополнително да бидат ставени на располагање во Велика Британија и во други земји.


Тоа сега е овозможено со флоти на возила што сега се достапни поради одлагање на лансирањето на новите модели на пазарите ширум светот.


Компанијата Jaguar Land Rover исто таа тесно соработува и со владата на Велика Британија на која и го понуди своето истражувачко и инженерско знаење, дигиталното инженерство и дизајн, испис на 3D модели и прототипови, машинско учење, вештачката интелигенција и поддршка на науката за податоци.


Науката за податоци е интердисциплинарно поле што користи научни методи, процеси, алгоритми и системи за добивање на знаења и увид од многу структурални и не-структурални податоци.


Заштитната опрема се донира на здравствениот систем на Британија – NHS, вклучувајќи ги туа и заштитните очила за болниците: Royal Bolton, болницата St. James во Лидс и Детската болница во Бирмингем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!