Jaguar Land Rover со седишта што симулираат „џогирање“

Тавите седишта, што кај мускулите симулираат одење и трчање, велат медицинските експерти, би требало да имаат позитивно влијание на здравјето и на кондицијата на нашите тела…

Бидејќи поголемиот дел од времето го минуваме во седечка положба, во автомобил, на стол на работно место, во ресторан, на состаноци, на стол или фотелја, дома пред ТВ приемникот, или пред компјутер, нашето тело едноставно нема доволно физички активности во текот на денот.

Поради тоа експертите од Компанијата Jaguar Land Rover (JLR) почнала да развива посебни паметни седишта што во себе содржат електро ќелии што ги стимулираат  нашите мускули да прават контракции.

 

 

Додека седите, блага струја ќе биде пуштена во вашите мускули во кои ќе предизвикаат контракција  и ќе ги задвижуваат слично ако кога одите или, пак, трчате.

Се претпоставува дека ќе има различни модови (режими) што ќе можат да ви овозможат симулација на одење, односно на трчање (џогирање, или, пак, спринт) , па така, на некој начин во вашиот автомобил од марката Jaguar, или Land Rover ќе имате некоја доза на „тренинг“.

 

Во Компанијата, сепак, додаваат дека ќе биде потребно да се направат уште голем број на истражувања пред и да дојде до вградување на такви седишта во нивните автомобили.

Но, исто таа констатираат и дека тоа секако ќе се сучи кај моделите од догледна иднина, бидејќи иднината и здравјето на луѓето „лежат“ токму во развој на такви идеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla