Jaguar Land Rover вгодина ќе ја прескокнат во Женева!

Производителот на премиум автомобили од Велика Британија  Jaguar Land Rover наредната 2019 година нема да има свој штанд на салонот за автомобили во Женева

Се чони дека и Женева ја фаќа болеста на откажување бидејќи претходно веќе беше потврдено и отсуството и на марките Ford и Volvo во март наредната 2019 година од оваа голема манифестација.

 

Не популарната, но економски разумна одлука на Jaguar Land Rover е донесена во рамките на планот за намалување на трошоците, наметнат од падот на продажбата за 13 %, стравувањата поврзани со Брекзит и намалениот интерес за купување на дизел варијанти.

Потсетуваме, годинава, во Женева беше светската премиера наелектричниот кросовер Jaguar I-Pace и луксузната варијанта Range Rover SV Coupe. Втората генерација на моделот Evoque дебитираше пред неколку дена во Лондон со спектакуларна забава, па следната година едвај се очекува нешто ново од JLR, освен редизајнот на Discovery Sport.

Други големи очекувана од компанијата е новиот Defender, но најверојатно истата ќе се одржи во 2020 година. Најголемиот кросовер Jaguar J-Pace е планиран за 2021 година, како и наследникот на Jaguar XJ и новиот Range Rover SUV.

За разлика JLR – индиската компанија Tata Motors не го пропушта Женевскиот автосалонот веќе 20 години и наредната 2019  ќе биде присутна со новината  Harrier crossover, што ќе биде достапен на други пазари во светот, но не и на индискиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштена во употреба обновената бензинска станица на Макпетрол во Куманово

FREEDOM TO MOVE караванот на Volvo Cars за прв пат во Скопје

Maкпетрол со известување за нови цени на нафтените деривати

Bentley го најави новиот Flying Spur!

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Новите MINI John Cooper Works Clubman и Countryman, со над 300 КЅ

Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili!

VW I.D.3 предизвика вистинска манија на  пазарот!

Пристигаат електрични Porsche Boxster и Cayman