JAGUAR  – Преминува од 3- годишна на 5- годишна гаранција

  • Секој нов Jaguar сега доаѓа со петгодишна гаранција

  • Новата гаранција ќе има позитивно влијание врз остаточната вредност на секое возило во гамата

 

1 јули 2022 г. – Jaguar воведува нова, петгодишна гаранција за сите возила од својата програма, вклучувајќи ги целосно електричниот модел Jaguar I-PACE и сите делумно хибридни и плаг-ин хибридни електрични возила.

Оваа одлука значи дека Jaguar е првата компанија за луксузни возила што го продолжува својот гарантен период над стандардниот период од три години за оваа индустрија. Во период од пет години, или за изминати 150.000 km, зависно од условот што прв ќе се исполни, Jaguar ќе поправа или заменува дефекти од производството во согласност со регулативите од гаранцијата во материјал или работна рака, целосно бесплатно.

Понуда на производ со врвен луксуз и искуството на клиентот се во сржта на стратегијата Reimagine на Jaguar. Воведувањето на 5-годишна гаранција на сите нови возила на Jaguar претставува важен чекор кон совршенство во искуство со сервисот, што на клиентите на Jaguar им обезбедува поголемо спокојство додека го поседуваат возилото.

Сеопфатната гаранција на Jaguar значи пет години на слобода и гаранција за сопствениците на возилата, возните паркови и приватните корисници и нуди транспарентност во сервисирањето и трошоците за одржување.

Jaguar очекува новата петгодишна гаранција да има позитивно влијание врз остаточната вредност на секое возило во гамата. Ова се добри вести за клиентите бидејќи стабилните остаточни вредности на крај се претвораат во пониски месечни рати за изнајмување.

Дмитриј Колчанов, регионален директор за Европа на Jaguar Land Rover, изјави: „Со воведување на новата, 5-годишна гаранција за Jaguar во Европа, дополнително ја демонстрираме нашата посветеност на квалитетот и сигурноста на нашите производи и нашиот фокус кон совршен сервис за клиентите. Нашата идна визија за врвниот луксуз е целосно насочена кон клиентот и тоа треба да значи спокојство за секој што размислува за Jaguar“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“