Јахта Tecnomar Lamborghini 63

Компанијата Lamborghini, во соработка со Italian Sea Group, ќе произведе „џебна јахта“ наменета за оние со „длабоки“ џебови….

Lamborghini, заедно со споменатата група, која ги произведува јахтите „ Admiral и Tecnomar “ во своето бродоградилиште, ќе ја произведе јахтата Tecnomar Lamborghini 63, која ќе чини нешто помалку од 3,4 милиони долари.

Сепак, нема сомнение дека цената ќе се зголеми кога клиентите ќе додаваат некои детали според нивните сопствени желби.

Јахтата се напојува со два 24,2-литарски дизел мотори MAN V12 кои испорачуваат секој по 2.000 КС и 6.500 Nm вртежен момент.

Долга е 19,2 m, широка 5,4 m и може да достигне брзина од 111 км/ч.

Дизајнот на јахтата е инспириран од автомобили, а на предната страна има светла кои потсетуваат на оние на хибридниот суперавтомобил Sian FKP 37. Копчињата за стартување на моторот на јахтата се од Lamborghini.

„Кабината” делот за управување „кормиларење”  е исто така дизајнирана да изгледа како кокпит на автомобилот Lamborgini.

Ќе бидат произведени само 63 примероци од јахтата, а испораките до клиентите ќе започнат во наредната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!