Јапонците направија супер спортски автомобил од цеулоза

Министерството за заштита на животната средина во Јапонија деновиве, на салонот за автомобили во Токио,  прикажа единствен супер спортски автомобил што е изработен од цеулоза и од отпад што се добива во земјоделството …

Иако супер автомобилот е релативно со лесна маса, и понатаму е, тврдат познавачите, многу силен и издржлив.

Наречен „Нано Цеулозно Возило“  (NCV), ѕверката од дрво предизвика огромен интерес на штотуку завршениот салон за автомобили во Токио.

Дизајнот на автомобилот е изразито агресивен и футуристички што многу малку луѓе воопшто и би поверувале дека е направен од материјал добиен од растенија (биомаса), коментираат познавачите.

Конструкторите потенцираат дека каросеријата, од покривот, преку вратите, па до капакот на моторот (хаубата) се направени од нано –влакна изработени од цеулоза.

Материјалот е потполно „јаглеродно неутрален“ (неговото производство не бара потрошувачка на фосилни горива ниту пак дава било каков придонес кон загадувањето на животната средина).Токму поради тоа е многу подобар за средината“,рекол помеѓу другото Тошио Кон, менаџер на групата за конверзија на возила во министерството за заштита на животната средина во Јапонија.

Луѓето кои стојат зад изградбата на овој автомобил истакнуваат дека „влакната од нано цеулоза “  се пет пати посилни од челикот, а воедно се и пет пати полесни.

Во моментот нема никакви информации за перформансите на агрегатот поставен под хаубата на „дрвениот супер спортист“ на Јапонците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач