Jeep Compass 2020, нов бензински мотор, побогат инфозабавен систем и со mild hybrid верзија!

Како комплетен израз на духот на марката „ Go Anywhere, Do Anything (Оди на кое било место, направи нешто)“, новиот Jeep Compass сега нуди нови технологии за забава и погон, со што обезбеди и подобри слободата на возачот и патниците, продажните салони пристигнува на крајот на месецот…

Брзиот успех на моделот, кој изворно и за Европа се произведувал во фабриката на FCA во, Толука, во Мексико, овозможи, да се префрли производството, вклучително и на новата верзија на 4хe со plug-in хибридна електрична технологија, директно во Италија.

Тоа е исто така нов чекор во планот за инвестиции од 5 милијарди евра на FCA Групацијата во Италија, но исто така и знак за континуиран развој на марката со акцент на технолошките иновации и извонредноста на италијанската фабрика, која е една од најиновативните во светот.

Најголемата новина се наоѓа под лимот; 1.3 турбо бензинец, со моќ од 130 или 150 КС. Тие мотори се изработени целосно од алуминиум за да бидат полесни ( мотор со четири цилиндри, со турбо полнач, тежи само 110 кг). Куќиштето на коленестото вратило, развиено во соработка со фирмата Teksid, е изработено од алуминиумска легура лиена под висок притисок. По истражувањето на различните дизајни на куќиштето на коленестото вратило, беше избрана структурата на основната плоча што носи најдобар сооднос на тежина, структурни перформанси, бучава и вибрации.

За љубителите на дизел мотори, постои подобрена верзија на дизел моторот 1.6 MultiJet II со 120 КС со SCR (селективна редукција на катализата).

Моделите 4xe (со plug-in хибридна електрична технологија) ќе бидат достапни со електричен мотор спарен со 1,3-литарски мотор од глобалното семејство мали мотори,  ќе располага со 190 КС или 240 КС.

Тие доаѓаат во салоните ширум Европа во втората половина на оваа година. Двете верзии на 4xe ќе бидат достапни исклучиво со погон на сите тркала.

Понатаму, има шест нови дизајни на тркала (по еден за секое ниво на опрма и ексклузивни, 19-инчни Gloss Black тркала за моделот Night Eagle) и нова палета на бои со пет нови бои на каросеријата: беж Ivory Tri-Coat, црвена Colorado Red боја, сина Blue Italia, сина Blue Shade и зелена Techno Green Metallic – сите понудени во комбинација со црн покрив.

Jeep Compass ќе се нуди во пет пактеи на опрема – Sport, Longitude, Night Eagle, Limited и S (во зависност од пазарот). Сите пакети на опрема ќе се напојуваат со ефикасни турбо бензински и дизел мотори спарени со конфигурации на погонот на предните тркала (верзиите на погон на сите тркала ќе бидат достапни во втората половина на оваа година во комбинација со 4xe технологија).

Во понуда е рачен или автоматски менувач со двојна спојка.

Во однос на ентериерите, новата функција Uconnect вклучува голем број на функционалности што се достапни преку различни точки на допир, вклучувајќи ја и мобилната апликација My Uconnect, смартфонот,  web -место, копчињата на светлото на таванот и радио. Достапни паралелно со лансирањето на Compass, новите Uconnect услуги ќе бидат стандардни на 7- и 8,4 инчи Информативно забавни системи во сите нивоа на опрема, од нивото Longitude па нагоре, за да се обезбеди напредна поврзаност во возилото и вон-него и д се понудат корисни услуги за поголема безбедност и удобност.

Активната безбедност на патниците е исто така подобрена, а достапните безбедносни карактеристики вклучуваат следење на слепи точки и cross traffic alert’ систем, адаптивен темпомат, задна безбедносна камера ParkView со динамични мрежни линии и автоматска паралелна и вертикална помош за паркирање.

Jeep Compass во изложбените салони во Европа пристигнува кон крајот на овој месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!