Jeep најави нов crossover со 7 седишта

Jeep објави тизер видео како најава за својот нов crossover  што ќе се продава во Јужна Америка.

Станува збор за модел со 7 седишта базиран на глобално популарниот Compass, но како што стојат работите, оваа новина нема да се вика Grand Compass. Некои извори споменуваат дека новината би можела да биде именувана како Jeep Commander.

Во споредба со стандардниот Compass, овој нов модел ќе има подолги задни врати, подолги надвисни надвои, модифицирани задни стакла и задни столбови.

Во внатрешноста се очекува дигитална табла со инструменти од 10,25 инчи, екран на инфо-забавниот систем од 8,4 и 10,1 инчи и, се разбира, три реда седишта.

Палетата на погонски единици во новиот SUV ќе вклучува агрегати што се  познати од Compass, а ќе бидат понудени и верзии со само преден и погон на сите тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов хипер автомобил Hongqi 5959 претставен во Шангај

Jaguar I-Pace Black

Официјални фотографии од подновениот VW Polo

Lexus со серија унапредувања за ES настапи на  Шангај 202

Најавена електрична Mitsubishi Airtrack

Електрични Genesis G 80 ЕV

Ford Evos, како потенцијален наследник на Mondeo за Стариот континент!?

Honda во Шангај покажа нов електричен SUV e

BMW M3 и M4 Competition добија и верзии со погон на сите тркала – xDrive