Jeep, Ram и FIAT склучија партнерство со брендот RED да станат прв мулти бренд во автомобилската индустрија

Здружувајќи ги силите со марката (RED) по повод склучувањето на првото мулти-бренд партнерство со автомобилската индустрија, брендовите Jeep®, Ram и FIAT ќе претстават специјални (RED) модели на возила…

-Глобалната маркетинг кампања за возила со ознака (RED) ја подига свеста за Кампањата за бренд (RED); Повеќегодишното партнерство ќе одвои најмалку 4 милиони американски долари приход од брендот за борба против глобалните здравствени итни случаи, вклучително и СИДА и КОВИД-19, помеѓу 2021 и 2023 година.

-Новиот модел на марката Jeep, (Jeep) RED Compass 2022, ќе биде претставен во САД во првиот квартал од 2022 година; Кратко потоа, (Jeep) RED Renegade 2022 ќе биде претставен во САД и Канада, а потоа и во Европа во втората половина на 2022 година.

-Моделот Ram 1500 Limited (RAM) RED 2022 – базиран врз моделот Ram 1500 Limited Night – ќе биде претставен кон крајот на 2021 година

-Кампањата „The (RED) Mission” на брендот Jeep беше претставена на дигитални и социјални мрежи

-Кампањата „ Born to Save “ на брендот Ram ќе биде претставена на социјалните мрежи

-Електричниот модел Fiat New (500) RED сега е достапен за нарачка само во Европа

Брендовите Jeep®, FIAT и Ram, заедно со брендот (RED), се одзваа на повикот да учествуваат во глобалната борба против пандемијата со лансирање на специјално (RED) возило, со што ќе помогнат да се соберат повеќе од 4 милиони долари за поддршка на клучниот глобален фонд во следните три години.

„Ова партнерство со брендот FIAT, Jeep и Raam претставува силен удар во борбата на брендот (RED) против пандемијата и е задоволство што ги мотивира. Тешко е да се поверува дека 15 години од основањето на организацијата (RED), сега се бориме со друг мал вирус, но уште потешко е да се биде сведок на вирусот на неправда што ја одбележа пандемијата на AIDS, која е сеуште активна за време на COVID -19 пандемија “, рече Боно., Ко-основач на организацијата (RED).

„Помалку од 5% од луѓето во Африка се целосно вакцинирани, додека вакцината е достапна во изобилство во Европа и Америка. Треба да работиме понапорно и побрзо за да ги поддржиме стотиците милиони луѓе кои се уште немаат пристап до вакцини, терапија или доволна заштитна опрема. Затоа што ако оваа пандемија не се победи насекаде, никој нема да биде безбеден никаде “.

„Како први автомобилски брендови кои се здружија со организацијата (RED), светски лидер во борбата против пандемијата, нашата сегашна цел е да ги повикаме другите да помогнат во борбата против овие здравствени итни случаи, вклучително и напорите за борба против корона вирусот“, рекол Оливие Франсоа, маркетинг директор во Stellantis.

„Овој план да допре до поширока публика кога станува збор за нашите три уникатни брендови и да го зајакне нивното влијание, вредности и позначајна глобална свест за партнерството, ни овозможува да претвориме 4 милиони долари во нешто далеку поголемо во следните три години. ”

„Сега е 15-та година од постоење на организацијата (RED) и не можеме да бидеме уште повеќе горди што го започнавме ова возбудливо повеќегодишно партнерство. Глобалниот размер и креативната енергија што ова ќе ги донесе во борбата против COVID -вирусот и AIDS  е токму она што ни е потребно за да ставиме крај на нивното катастрофално влијание врз милиони луѓе. Многу сме благодарни на многуте тимови што го овозможија ова лансирање – и влијанието во иднина “, рече Џенифер Лотито, претседател и извршен директор на RED.

„Ние сме неизмерно благодарни на организацијата (RED) што влезе во ова вредно партнерство со брендовите FIAT, Jeep и Ram“, рече Питер Сандс, извршен директор на Глобалниот фонд.

„Во време кога пандемијата на корона вирусот се заканува да го наруши напредокот што го постигнавме во борбата против „ХИВ“, ова ново партнерство ќе ни помогне да стигнеме до повеќе заедници со потребната поддршка за корона вирусот и да ги заштитиме постигнатите резултати во борбата против ХИВ.

(Jeep)RED / „(RED) “: Марката Jeep е симбол на неспоредлива слобода и авантура.

По избувнувањето на пандемијата, брендот побара од сопствениците, обожавателите и следбениците да се откажат од таа слобода на отворен пат за сопствена и туѓа безбедност, започнувајќи кампања на социјалните медиуми со хаштаг #StayOfftheRoad, која беше изненадувачка, но неопходна порака. со цел легендарниот теренски бренд да комуницира со публиката.

Сега, заедно со брендот „RED“, брендот „Jeep“ лансира „Red Mission“ чија цел не е да бара живот, авантура и слобода на црвената планета, туку да го испорача овде, на планетата Земја.

Мисијата RED е создадена во партнерство со агенцијата Migrante.

(RAM RED) / „Born to Save (Роден да спаси) “ им помагајќи им на сопствениците не само во нивната работа, туку и во моменти кога е неопходно да им се помогне на другите.

Ram Nation е основана за да им помага на другите во време на криза, од поплави и торнада, до помагање на земјоделската заедница во земјата да ја нахрани нацијата. Сега, „Роден за да служи“ (Born to Serve)  еволуира во „Роден за да спаси“ (Born to Save).

Камионот 2022 Ram 1500 Limited (RAM) RED издание е претставен на државниот саем во Тексас на 23 септември каде ќе биде изложен до крајот на саемот. Дополнителни можности за брендот и медиумите во четвртиот квартал ќе помогнат да се подигне свеста за партнерството во 2022 година.

„Роден да спаси“ е создадена во партнерство со агенцијата Sheet Metal Arts.

(FIAT)RED: FIAT, со целосно електричен модел Fiat New (500) RED ја започна својата мисија за одржливост: грижа и заштита на планетата и луѓето, без да заборавиме што претставува Fiat: италијанскиот дух на Долче Вита (Dolce vita). Асортиманот (RED) на моделот е добредојден, топол е, радосен, забавен и шарен … тоа е олицетворение на Долче Вита.

Секое издание на (FIAT)RED, (Jeep) RED и (RAM) RED возила ќе биде единствено по своето име. Изданијата Fiat 500, Jeep Compass и Ram 1500 (RED) ќе имаат свои (RED) елементи за дизајн на марката, вклучувајќи значки (RED) на надворешноста и внатрешноста на секое возило.

Целосно електричното издание на Fiat New (500) RED беше претставено во Торино.

Дополнителни детали и цени на возилата од марката Jeep и Ram ќе бидат објавени наскоро.

Брендовите Jeep, Ram и FIAT ќе им овозможат на клиентите широк спектар на можности да помогнат во борбата против пандемијата во текот на тригодишната програма.

 

RED

 

(RED), именувана по бојата за итни случаи, беше основана од Боно и Боби Шрајвер во 2006 година за да ги претвори компаниите во коњаница за борба против пандемијата на СИДА (AIDS).

Денес, таа коњаница исто така се бори со итна закана од вирусот COVID19 и нејзиното катастрофално влијание врз најранливите заедници во светот, одговарајќи на потребата за конкретен глобален одговор.

(RED) се партнери со најпознатите брендови и луѓе и создаваат (RED) производи и обезбедуваат (RED) искуства – и сите тие собираат пари за Глобалниот фонд, еден од најголемите светски финансиери на глобалното здравје.

 

Меѓу (RED) партнерите се компаниите: Amazon, Anova Culinary, Apple, Balmain, Bank of America, Beats by Dr. Dre, Buffalo Games, Claro, eos, Girl Skateboards, The Honey Pot Co. , Louis Vuitton, Mavin Records, Montblanc, Primark, Salesforce, Starbucks, Stellantis, Telcel, Therabody, TRUFF, U-Mask и Vespa како и FIAT, Jeep и RAM. Меѓу спонзорите (RED) се компаниите: Merck и Roche.

(RED) досега собра речиси 700 милиони американски долари за Глобалниот фонд, помагајќи на повеќе од 220 милиони луѓе.

Парите собрани од (RED) партнерите и кампањите се наменети за директно зајакнување на здравствените системи и поддршка на програми за спасување живот во заедниците најтешко погодени од пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Defender- За прв патна филмското платно во филмот „No Time To Die – 007″

Alpine A110 во боите на полицијата на Франција

SAIC Design R RYZR concept

Електричните Maserati ќе доаѓаат од погоните во Мирафиори

New 500 -Мал автомобил на годината на News UK Automobile Awards за 2021

Трка на Давид и Голијат!

Дополнителен „акцесорис“ на RR ќе ве чини како едено BMW 420i Coupe

Toyota Mirai со едно полнење минала 1.359 km и постави нов светски рекорд

Bermat GT нов супер спортист од Италија