Јeep Renegade 2022

Jeep ја претстави рестилизираната верзија на моделот Renegade за јужноамериканскиот пазар, со ажурирана палета на мотори и мали визуелни промени…

Ова ги вклучува дотерани браници, решетка и фарови, како и дигитална табла со инструменти, модифициран волан, надграден 8,4-инчен инфозабавен систем, како и повеќе системи за безбедност и помош на возачот.

Покрај тоа, Renegade добива 1,3-литарски турбо-флекс мотор кој ќе се произведува во Бразил, кој има 180 КС (бензин) или 185 КС (етанол) и 270 Nm вртежен момент.

На купувачите ќе им се нуди во комбинација со 6-брзински автоматски менувач, погон на предните тркала и Jeep Traction Control + систем или во варијанта со 9-степен автоматски и погон на сите тркала.

Има и четири режими на возење:   Auto, Snow, Sand/Mud и Rock.

Останува да видиме дали овој рестилизиран Renegade е наменет само за Јужна Америка или подоцна ќе пристигне во Европа и Северна Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30