Јeep Wrangler 1941 by Mopar

Минатиот викенд во гратчето Сан мартино ди Кастрца (San Martino di Castrozza) во Италија, е одржан неофицијалниот собир на Групата сопственици на возилата Jeep …

Годинешниот Jeep Камп беше спектакуларно издание што привече досега наголем број на луѓе во историјата на овој настан: повеќе од 700 Jeep возила  над 1.500 љубители на брендот, вклучувајќи бројни семејства со деца и тимови што пристигнале од сите краишта ширум на Европа, Африка, па дури и од Јапонија.

Мешањто на разни јазици и култури, но и заедничката страст за авантура во вистински Jeep стил беше поттикот за тоа .

Mopar® конфигурација што е 100%дозволена на јавни патишта дополнително ги подобри способностите на моделот Wrangler

Светлата на сцената исто така беа насочени и кон моделот Jeep Wrangler 1941 што е дизајниран од Mopar, бренд во рамките на Групата FCA што е задолежен за произвоси и услуги во пост продажбата.

Моделот Jeep Wrangler 1941 e возило со погон на сите четири тркала со конфирација 100% дозволена за јавен пат.

Опремен е со Jeep Perfomance делови што дополнително ги подобруваат неговите теренски способности.

Таа посебна конфигурација на моделот Jeep Wrangler 1941 вклучува комплет за кревање на потпирањето за два инча, странични заштитни шини од Performance колекцијата, црни штитници за праговите, црн капак на резервоарот за гориво, калници и патосници за сите годишни времиња како и оцијата вшмукувач за воздух– „дишалка“.

Таа конфигурација ја заокружува налепницата „1941“, со која се одбележува важна година за брендот Jeep: во прашање е годината кога е создаден Willys, па тој број се наоѓа на другите детали на тоа возило, како што се фелни, рачката на палката на менувачот и вратата на багажникот.

Таа конфигурација ќе биде достапна по летото на сите верзии на моделот Wrangler со две или со четири врати и со дизел мотор со работен волумен од 2,2-литри, во сите пакети на опрема вклучувајќи ги и Ѕport, Sahara и Rubicon.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје