Jeep Wrangler 2023

Соочувајќи се со силна конкуренција од Ford Bronco, Jeep направи голем број мали ажурирања на Wrangler за моделската 2023 година.

Некои од тие ажурирања ќе вклучуваат две нови бои за екстериерот, наречени „Earl“ и „Reign“. Првиот од нив е едноставна нијанса на сива боја со аквамарин детали што ќе го замени „Snazzberry“ (темно црвено), кој беше понуден со најновата генерација на Wrangler.

Најзначајната промена во редизајнот на Wrangler, сепак, е лансирањето на новото издание „Freedom“, кое првпат беше претставено на почетокот на овој месец. Freedom Edition чини дополнителни 3.325 евра и вклучува челичен преден браник со вител, црни бандажи, браници во боја на каросеријата, LED фарови и LED светла за магла. Wrangler Freedom исто така добива американски знамиња на предните браници и значка „Оскар Мајк“ (Oscar Mike) на задната врата, наведуваат агенциите.

Покрај новите бои и Freedom Edition, ажурирањата за 2023 година ги заокружуваат новите стандардни и опционални дизајни на тркалата од 17 инчи за Wrangler Rubicon и достапноста на налепниците на американските знамиња на предните браници за сите модели.

Сите исти опции за погонски склоп се пренесуваат во моделската 2023 година. Тие вклучуваат стандарден 3,6-литарски атмосферски Pentastar V6 со околу 290 КС и 353 Nm вртежен момент, блага (милд) хибридна верзија на истиот мотор, 2,0-литарски четирицилиндричен со 270 КС и 400 Nm, 2,0-литарски четири- цилиндричен plug-in хибрид со турбо и два електромотори и 3.0-литарски V6 EcoDiesel кој произведува 260 КС и 600 Nm вртежен момент.

На врвот на гамата сè уште е Wrangler Rubicon 392 со неговиот 6,4 литарски Hemi V8 мотор способен за околу 480 КС и 637 Nm

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport