Jeep Wrangler 4xe со plug-in hybrid погон

Покрај концептот Grand Wagoneer, Jeep истиот ден на јавноста и го покажа и Wrangler 4xe со plug-in хибриден погон…

Накратко, овој модел комбинира 2,0-литарски турбо-бензински мотор, два електромотори и литиум-јонска батерија од 17 kWh (сместена под задните седишта).

Комбинираната моќност е 280 kW / 380HP и 637 Nm вртежен момент, а возачот има три режими на возење (Hybrid, Electric i eSave). Во електричниот режим, автономијата на електрично возење е 40 км.

Вкупно, во палетата, ќе има десет бои на каросеријата (со електрични сини акценти), додека електричните сини( Electric Blue) шевови ќе се истакнуваат во внатрешноста.

Продажбата на Wrangler 4xe во Северна Америка, Европа и Кина ќе започне на почетокот на следната година (цената сè уште не е позната) и ќе биде достапна во верзии 4xe, Sahara 4xe и Rubicon 4xe.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење