Jeep Wrangler, Compass и Renegade со PHEV погонски системи!

На саемот на потрошувачката електроника (CES), Jeep се претстави со plug-inхибридни варијанти на своите популарни „теренци“ моделите Compass, Renegade и Wrangler…

Претставниците на американската легендарна марка на теренски возила во сопственост на концернот FCA , не биле подготвени да ги изнесат деталите за новите еко – погонски системи, а за автомобилите мора да се признае, ги краси препознатливиот дизајн.

Тие, од конвенционалните изведби, ќе се разликуваат по сините детали на каросериите.

Секако, тоа нема да биде се, бидејќи сите три модели ќе располагаат и со 4xe ознаки.

Исто така, тука се и приклучоците за полнење што кај моделите Compass и Renagade можат да се најдат над задните тркала од страната на возачот. А, пак, кај моделот Jeep Wrangler PHEV тој приклучок е сместен под левиот A столб.

Како што веќе кажавме, се уште нема официјални податоци за погонските системи.

Но, се претпоставува дека Wrangler ќе има погонски систем сличен на тој од моделот Chrysler Pacifica Hybrid.

Тоа во преод значи основен бензинец со шест цилиндри поставени во форма на латинската бува V, со работен волумен од 3,6 –литри, во комбинација со два електромотори и литиум – јонска батерија со капацитет од 16 kWh.

Благодарение на таа конфигурација, Chrysler Pacifica Hybrid развива комбинирана моќност од 260 KS (178 kW) и со едно полнење на батеријата може да помине до 50 km, само во електричен режим на возење.

Претставниците на компанијата Jeep исто така рекле дека тие модели се нивен прв чекор ко планот електрификација на сите модели и тоа веќе до 2022 година.

Исто така тие рекле и дека PHEV моделите се покадарни и по возбудливи за возење во споредба со конвенционалните .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала