Jeep Wrangler JPP 20 – “moparizovani” terenac za entuzijaste

Што се би добиле кога стандардниот господар на беспаќата Jeep Wrangler би го „збогатиле“ со сета дополнителна опрема што Mopar ви ја нуди на располагање од навистина богатиот асортиман…

И тука една напомена дека така дотераниот модел ќе биде достапен само во тековната 2020 година, во неодредени, но сепак ограничени количини.

Во Mopar најавуваат дека JPP 20 е всушност all-in-one ограничена серија на популарниот теренец за вистинските ентузијасти, специјално дизајниран за најтешките терени.

На заинтересираните им останува да се решат помеѓу верзијата опремена со 2,0-турбо бензинц со четири цилиндри и 270 KЅ, потоа за 3,6-литарскки бензинец, со шест цилиндри поставени во  V конфигурација, со 285 KЅ, или за најновиот турбо дизел со работен волумен од 3.0-литри и исто така во V конфигурација на шесте цилиндри, со моќ од 260 KЅ.

Изборот на бои нема да претставува никаков проблем бидејќи JPP 20 ќе биде достапен во само две бои – бела и во океан сина.

За сето останато ќе се погрижи Mopar, бидејќи ќе го „ филува“  овој теренец со неверојатно количество на дополнителна опрема.

Но бидејќи сликата кажува повеќе од илјада зборови погледнете што за тоа говорат водечките менаџери во FCA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!