Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary Edition

Потсетуваме, пред 20 години, Jeep го претстави Wrangler со опрема наречена Rubicon…

Таа извеба, поточни ниво на опреме е именуван по познатата теренска патека во Калифорнија, а Jeep сега ја прославува својата 20-годишнина со специјалното издание на моделот Wrangler.

Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary Edition од 2023 година ќе биде достапен во ограничен број, со пакетите 4xe и 392.

Сите имаат модификации за 20-годишнината, а покрај префинетиот изглед, има и некои механички промени.

Заедно со подигната суспензија за 13 mm, достапни се и нови тркала, а кај моторот 392 Hemi, вграден е и компресор за воздух.

Како опција се нуди пакет Level II, кој вклучува 37-инчни теренски гуми, вител , AEV браници и штитници (заштитни елементи), модифицирана суспензија, теренски светла и носач на гуми, а кај верзијата 4xe добивате  и 4,56: 1 сооднос на оска.

Што се однесува до другите детали, има „реинтерпретација“ на решетката со седум шипки на Jeep, преден штитник, челични браници, интегрирана предна off-road камера, комплет алат од 83 парчиња, ознака за 20-годишнината, како и црвено-црна внатрешност со кожни седишта..

Jeep не дава конкретни производни бројки за 20th Anniversary Rubicon 4xe и 392, освен да каже дека тие се возила со ограничена едиција.

Сепак, Jeep истакнува дека опционалниот пакет AEV Level II ќе биде ограничен на 150 единици.

Цените започнуваат од 69.585 американски долари, додека производството ќе започне до крајот на првиот квартал на тековната 2023 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Opel Astra G 25 години на автомобилската сцена

ExoMod Dodge Challenger SRT Hellcat

Volkswagen планирал Golf со V10 мотор!

Asprey Bugatti Egg Collection

Lexus LC Ultimate Edition

DS покажува како би можел да изгледа реинкарнацијата на летечкиот Citroen DS

Novitec Lamborghini Aventador Ultimae Roadster

Легендарниот „дедо’ на BMW Series7

Citroën DS автмобилска икона полна генијални иновации!