Кинескиот бренд Jetour (дел од Chery) ја започна 2022 година со нов концепт T-X, со најава дека сериската верзија на овој теренец ќе пристигне на пазарот за една година…
Серискиот модел би требало да ја носи ознаката Т-1, при што овој SUV модел долг 460 cm првично ќе биде достапен со 2.0-литарски турбо бензинец со 254 КС и 390 Nm максимален вртежен момент.
Подоцна, гамата ќе биде проширена со нови верзии, вклучувајќи и хибридна варијанта.