Jetta евтина марка на Volkswagen за Кина

Ознаката на моделот прераснува во „буџетски бренд“ своевиден пандан на Daciа и веќе оваа есен FAW-Volkswagen во Чендгу, Кина ќе произведува евтини верзии на Škoda Rapid и Kamiq како и на Volkswagen Jettа

Потсетуваме Volkswagen Jetta е претставена во 1979 година како три -волуменска лимузина изведена од Golf.

Иако на пазарите на Стариот континент тоа име во наредните генерации се менувало во Vento и во Bora, за сето веме, како одлично прифатено, е задржано на пазарот во САД.

Во својата последна генерација Jetta е вратена на пазарите во Европа, но влезната цена за EU (ЕУ) пазарите (се произведува во Мексико) беше голема пречка за поголеми пазарни резултати.

Едноставно станала неконкурентна бидејќи имала цена несетно пониска од објективно посериозниот основен модел на Passat кој и во номенклатурата на марката е позициониран класа повисоко.

Ккао и да е во изминатите 15 години Jetta била силен пазарен адут на Volkswageno во Кина.

Токму поради тоа во Волфсбург (Wolfsburg) многу мудро ја процениле дека тоа можат да го искористат и да го валоризираат и од Jettа, одлучиле да направат евтин бренд за пазарот во Кина.

Концернот од Волфсбург минатата година во Кина продал 3,11 милиони возила, a планот е тој број, до 2025 година, да се зголеми на пет милиони. Еден од адутите за реализирање на таа цел e воведувањето на евтиниот бренд Jetta, своевиден германски пандан на романската Daciа, односно на јапонскиот  Datsun,евтините брендови на Алијансата Renault – Nissan.

Веќе есента тековната 2019 година ќе се воведат три модели, што ќе ги произведува компанијата FAW-Volkswagen, лоцирана во градотод Чендунг (joint-venture на Volkswagen и на Владата на Кина).

Првиот е поевтина верзија изведена од досегашната лимузина Škodа Rapid, вторта поевтин SUV изведен од моделот Škodа Kamiq, a третиот ќе биде евтин модел изведен од Volkswage Jettа, што инаку веќе бил произведуван во Кина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

Новиот Range Rover пристигнува 2021

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)