JLR развива напредни композити за идните EV креации

Во Jaguar Land Rover започнаа со истражување за напредни лесни композити со кои ќе се револуционизира производството на идните електрични автомобили…

Компанијата Jaguar Land Rover започнува нов проект за електричните возила на иднината, а крајната цел на JLR е да се развијат „структури за возилата и погоните“ кои ги отфрлаат алуминиумот и челикот а наместо нив  ќе користат лесни композити што се доволно цврсти да го издржат зголемениот вртежен момент генериран од електричните погони.

Доколку проект на JLR се покаже како успешен, можеме да очекуваме полесни и поефикасни електрични возила кои исто така би можеле да понудат зголемен досег на движење, како и подинамично возачко искуство.

Сепак, целите се релативно скромни, со оглед на тоа дека компанијата цели намалување на тежината од само 35 кг, како и 30 % зголемување во крутоста на возилото. Како дел од оваа мисија, структурата за безбедност при судири ќе биде прочистена и опремена со „композити по мерка“, како што е карбонот.

JLR не е осамен во ова настојување со оглед на тоа дека се дел од Tucana проектот кој исто така ги вклучува „водечките академски и индустриски партнери во светот“, како што се Warwick Manufacturing Group, Expert Tooling & Automation, Broetje-Automation UK, Toray International UK, CCP Gransden и Центарот за моделирање и симулации.

Доколку се помине според планот, JLR ќе има флота на Tucana прототипи подготвени до крајот на 2022 година. Проектот има за цел да превентира „4,5 милиони тони CO2 емисии меѓу 2023 и 2032 со забрзување на мејнстрим користењето на електрични возила и создавање на полесни автомобили за да се намалат емисиите и да се намали енергетската потрошувачка на електрифицираните погони“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Tucson го помина тестот на северен елен со солидни 71 км/ч

Нови детали за иновативниот Hyperscreen дисплеј во EQS

Cupra Formentor и Polestar 2 на EuroNCAP Crash Test со максимални оцени!

Во Сингапур се тестираат автобуси во јавен сообраќај

Cupra започнув нова ера со Cupra Born

Ford разви панел за подобра видливост за патари и другите служби ноќе

Ducati Smart Jacket- елек со интегрирано воздушно перниче

Huawei влегува во автомобилски бизнис

Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии