JLR со директна 3D технологија без помагала проектира во возилата

Иднината е тука велат од Jaguar Land Rover  каде ќе понудат прикажување на 3D филмови директно пред вашите очи без да користите специјални очила или други помагала …

Технологијата ќе се користи за проектирање на аугментрано реални насоки и предупредувања во вашето видно поле, без да ги тргнете очите од патот за да го проверите следното свртување додека ве предупредува за пречките пред вас.

Кога возилото ќе вози потполно автономно, JLR вели дека системот може да го преобрази автомобилот во мобилно кино, проектирајќи 3D филмови, за забава додека стасате до вашата дестинација.

Деталите за самата технологија се даваат на лажиче, но компанијата тврди дека системот ќе работи без потреба од помагала (специјални  очила ) и ќе ги следи движењата на главата и очите за да се обезбеди визуелизациите да останат во линијата на вид.

Се забавувате ли?

Но, JLR не се единствените што смислуваат начини да нè забавуваат откако автомобилите ќе можат сами да шетаат по улиците.

 

Тоа го прави и Bosch со свој информативно забавен сиситем каде проекцијата во 3D технологија е реална и без помошни средства (очила)

И  Tesla работи на додавање на игри и апликации што ќе ги задржат возачите зафатени додека се полнат нивните автомобили, а на крајот ќе обезбеди и забава во движење.

Во меѓувреме, Audi развива 3D платформа во автомобилот наречена Holoride, која им овозможува на патниците да уживаат во гејминг-искуство, што е фактор во движењето на автомобилот што би требало да помогне во борбата против мачнината при патување.

Од JLR се уверени во ефиканоста на нивниот сиистем- „Во целосно автономната иднина, 3D-дисплеите ќе им понудат на корисниците персонализирано искуство и ќе им овозможат на возачите кои делат автомобил самостојно да изберат своја инфозабава”, велат од Компанијата.

„Кога неколку патници кои патуваат заедно ќе можат да уживаат во нивниот избор на медиуми – вклучувајќи детали за патувањето, места од интерес или филмови – и сето тоа ќе биде оптимизирано за следење од местата каде  седат.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW инвестира 2,6 милијарди евра во „старт-ап” компанијата Argo AI

Најавен Maserati Ghibli Hybrid

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!