Како би можел да изгледа VW T-Roc Cabriolet

Пред неколку дена Volkswagen ја покажа сериската верзија на моделот T-Roc Cabriolet, што, во меѓувреме , од страна на независен дизајнер, е замислен и во „најострата“ спортска R верзија…

Додека фабричкиот T-Roc Cabriolet има бензински агрегати со работен волумен од 1,0-литри  и 1,5-литри, со моќ од 115K, односно 150KS, евентуалното издание на T-Roc R Cabriolet би располагало со агрегат со работен волумен од  2,0 –литри, познатиот на Групацијата TSI со моќност од 221 kW/300KS и 400 Nm вртежен момент.

Тој би доаѓал во комбинација со погон на сите четири тркала, како и со седум степен  DSG менувач со двојна спојка.

Покрај тоа T-Roc R Cabriolet би добил и поголеми тркала изработени од алуминиум, потоа аеродинамичен пакет (изменет преден браник со поголеми отвори за воздух , заден дифузор), предна маска со R лого, спортски подготвено потпирање, нов издувен систем со четири издувни цевки на крајот, посилни сопирачки

Секако дотерана би била внатрешноста со спортски седишта, потоа со мулти функционален управувач, опшиен во кожа, со зарамнет долен дел (тренд во автомобилската индустрија), а тука се и ножните педали изработени од челик што не рѓосува …

Но, ако некој се израдуваа од оваа атрактивна можност, следи големо разочарување, бидејќи од сето што е погоре напишано ништо нема да се реализира.

Едноставно производството на T-Roc R Cabriolet би било финансиски неисплатливо, бидејќи би привлекол само еден мал ограничен број на потенцијални купувачи, а со самото тоа не би ги оправдало инвестициите во него!..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept