Home Занимливости Како електричните автомобили помогнаа кога во Австралија снема струја!

Како електричните автомобили помогнаа кога во Австралија снема струја!

0
Како електричните автомобили помогнаа кога во Австралија снема струја!

За време на прекинот на испораќување на електрична енергија во мрежата на  Австралија, односно кога имало прекин на струја, електричните автомобили ( 16 од нив) беа користени за напојување на домаќинствата…

Имено, овие возила се опремени со систем за враќање на електричната енергија во мрежата.

They are the must-have for every environmentally conscious West Aussie driver but electric vehicles are not as carbon-free as you think.

Во февруари, главниот град на Австралија – Канбера претрпе прекин на струја за време на големо невреме. Научниците предводени од Швеѓанецот Бјорн Стромберг од Австралискиот национален универзитет беа во подготвеност со шеснаесет автомобили.

Електричните автомобили овозможија пренос на струја на еден мал локалитет, а за покривање на потребите на целиот град ќе бидат потребни 100.000 електрични автомобили.

Прв пат користен на овој начин

„Ова е првпат во историјата електричните автомобили да бидат цел на ваков начин“, вели научникот Бјорн Стромберг.

Сега тој и неговите колеги имаат флота од 51 автомобил подготвени да скокнат при следниот прекин на струја. Тие посочуваат дека се потребни многу повеќе истражувања пред тоа значително да влијае на снабдувањето со енергија на домаќинствата.

На сличен проект работи и шведската компанија Göteborgs Energi. Општинското претпријатие за електрична енергија соработува со компаниите Polestar и Volvo за користење на електрични автомобили за снабдување со електрична енергија при преоптоварување на мрежата.

Врвната моќност се јавува кога електричната мрежа е преоптоварена и ја чини компанијата за електрична енергија многу пари. Колите се паркирани дури 90 проценти од времето и тоа е сериозен ресурс, според Швеѓанeцот.