Како се одржува автомобил во региони каде температурите се симнуваат на 60 степени под нулата

Жителите на Ојмјакон, регион во Русија што се наоѓа длабоко во Сибир, кој е познат по суровите услови за живот и работните кампови за непожелните (гулази), знаат како е да се живее со автомобил на екстремно ниски температури…

Таму околу 500 луѓе се справуваат со екстремни температури секој ден во текот на зимата, а температурата се толку ниски така што еднаш паднала на минус 67,7 степени (во 1933 година).

И покрај сите неприлики на временските услови, регионот има функционален јавен превоз, а има и такси услуга, пишуваат агенциите, а пренесуваат специјализираните портали.

Работилниците во областа поставуваат дополнителни шофершајбни над фабриката за да спречат замрзнување додека возите или при паркирање во текот на ноќта.

Речиси сите совети за зимско одржување на автомобилот на ова место паѓаат во вода или, можеби подобро, замрзнуваат“ на супер ниските температури. Сопствениците на автомобили во Ојмјакон (Oymyakon) често не ги исклучуваат своите автомобили кога ќе дојдат, да речеме, во продавница.

Секогаш имаат два комплети клучеви, едниот е во бравата на возилото што е вклучен, а другиот ја заклучува вратата.

Многу возила имаат аларм со функција за далечинско стартување со сензор за температура, кој може да го запали моторот доколку температурата на возилото падне под одредена точка.

Мнофумина кои живеат во станбени згради користат продолжни кабли за напојување на различни грејни уреди само за да ги задржат течностите под хаубата под точката на мрзнење.

Некои граѓани ги отстрануваат батериите и ги носат на дома каде ги чуваат на топло, а некои го поврзуваат возилото на домашен штекер за да можат да работат грејачот на блокот на моторот, како и на полнач и грејачот на филтер за гориво.

Главно се користат гел (густ електролит) и AGM батерии (сепаратори на стаклена волна), со поголема моќност и отпорност.

Повеќето возила користат топли ќебиња.

Па, дури и шасијата е заштитена со материјал кој најмногу наликува на филц за термо облога.

Навистина жителите во овие сурови предели на Русија, од нужда, пронашле повеќе начини како својот миленик на тркала да го одржат функционален и на температури толку екстремно ниски што во буквална смисла на зборот се замрзнува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Silvia се враќа 2025 година како EV

Toyota фабрички ќе ги преработува своите половни возила

Електричниот Mercedes EQS ќе се склопува во Индија

Jetour T-X

Во Германија испорачани 10,000 електрични MINI

Француска жандармерија Alpine A110

Во Словенија Nissan GT-R спасува (влече) шлепер!

Gordon Murray Automotive Т.33 најавен за 27 јануари

Alpine A110 Hybrid