Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

AKK Рено Спорт ги носи 9-те млади надежни македонски тркачи на FIA CEZ натпревари во Европа

Twingo Cup се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 и тоа на повисоко натпреварувачко ниво FIA CEZ (FIA Central European Zone).

Новата сезона ја стартуваме овој викенд со закажани две трки на 17.04.2021 год. (Сабота) во Унгарија на легендарната патека „Hungaroring“. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021 POWERED BY GLASO.

Нашите натпреварувачи се: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

На „ Hungaroring “ во Сабота “силите ќе се мерат” со останати 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија.

За време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид 19.

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули), Словакиаринг – Словачка (Август), Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ  во  организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја

Toyota Yaris Автомобил на годината во Европа за 2021