Камерите во автомобилите на Tesla препознаваат знаци за ограничување на брзина и семафори

Tesla подготви надградба на софтвер што им овозможува на камерите на своите автомобили, односно системот Autopilot, да ги препознаат знаците за ограничување на брзината.

Кога камерата ќе открие знак за ограничување на брзината, тој ќе се прикаже и ќе биде предупредување за возачот.

Најновата надградба на софтверот исто така вклучува функција за препознавање на семафори и знак за запирање, така што возачите ќе имаат звучно предупредување доколку нивниот автомобил сè уште стои на семафор иако е вклучено зеленото светло.

Треба да се напомене дека ова се само известувања, а на возачот останува дали и кога ќе го стартува автомобилот.

Во април, Tesla воведе бета верзија на софтвер дизајниран за нови автомобили што им овозможи да детектираат и да одговорат на знакот „стоп“, како и на семафори на некои раскрсници.

Функцијата „Семафор и контролна сигнализација“ (Traffic Light and Stop Sign Control ) е достапна за возилата на Teslа со верзија на автомобилот за „целосно самостојно возење“, а кога е активирана, го успорува автомобилот и го запира на знакот „стоп“, или во случај на црвено светло на семафор.

За стартување на возилото, потребна е активност на возачот, односно притискање на педалот за гас, или поместување на рачката за автоматскиот пилот.

Илон Маск, извршниот директор на Tesla, ја најави оваа функција уште во 2018 година, велејќи дека автомобилите ќе можат да излезат од гаражата и да паркираат без помош на возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење