Камерите во BMW како црни кутии ги чуваат снимките по сообраќајка!

Во своите најнови модели BMW понуди опција Drive Recorder што ги чува снимките од вградените камери непосредно пред и по евентуалниот судир пренесува Reuters…

Со забрзаниот технолошки напредок во автомобилите, производителите се повеќе и повеќе нудат бројни функции што се достапни преку мултимедијалните системи.

Така, BMW, претходно, годинава, во рамките на најновиот iDrive 7.0  мултимедијален систем им овозможи на сопствениците на моделите од  Serieѕ 3, Serieѕ 7, Serieѕ 8, како и на SUV моделите X5 и X7 да ја користат опцијата Drive Recorder.

Функцијата Drive Recorder се базира врз веќе постојните камери во наведените возила што снимаат простор од 360 степени околу автомобилот, a служи сниманите материјали од тие камери, по потреба, да се сочуваат и  во случај на сообраќајна несреќа кога ќе се случат, подоцна да се користат за да се решат околностите околу судирот во сообраќајката.

Во BMW автомобилите таа опција е дел од пакетот Parking Assist Plus и овозможува автоматско чување на 40 секунди на видео записот – 20 секунди пред и 20 секунди по сообраќајката.

Системот може и рачно да се регулира, преку iDrive менито, така што по желба се снимаат интересни предели низ кои се вози или, на пример, возење по тркачка патека, доколку сопственикот се одлучи да ги провери своите вештини зад управувачот во тек на “туристичките денови“ кога тоа им е дозволено на аматерите.

Снимениот материјал подоцна може да се префрли на екстерна USB меморија.

Инаку, BMW првиот производител на автомобили што ја овозможува таа опција, со оглед на тоа дека Tesla понуди слична функција уште пред неколку години !.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Porsche планира целосно електрична Panamera!