Камп приколка како швајцарско ноже

Вљубениците во кампување најдобро знаат колку е важно приколката за кампување да биде функционална и практична…

Се чини дека кинескиот дизајнер Ху Јонг (Hu Jong) – кој ја создаде камп –куќата на тркала од фотографиите – успеал да ги задоволи основните барања на еден кампер, а во исто време да направи и приколка со исклучително интересен изглед.

Најголемиот цицач во светот – китот – послужил како инспирација за неговиот надворешен дизајн, а швајцарски џебен нож за неговата голема функционалност.

Имено, кога ќе се паркира на саканата локација, оваа навидум мал приколка може да се прошири и да вклучи дневна соба, кујна, бања и спална соба во својот состав.

Покрај тоа, благодарение на многубројните прозорци, обезбедено е добро осветлување и проток на свеж воздух во внатрешноста на куќата за кампување.

Кујната може целосно да се извлече за надворешна употреба при убаво време или да се остави покриена за готвење во затворен простор кога времето е лошо.

Дизајнерот Ху Јонг ја опишува куќата како доволно дарежлив простор за четиричлено семејство.

Овој интересен „кампер“ ја освои наградата за дизајн Red Dot во Германија во 2021 година, а сега е во рана фаза на развој на производството.

Цената не е објавена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga