Канцеларката Ангела Меркел го посети штандот на Opel на IАА

За електрична стратегија на брендот канцеларката ја информира Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel, производител што на Меѓународниот автомобилски саем имаше пет  новитети – светски премиери…

Ангела Меркел, Канцеларка на Германја, денес, официјално, го отвори 68-от Меѓународен автомобилски саем во Франкфурт.

Саемот ќе биде отворен до 22 септември.

На нејзината традиционална посета на IAA, канцеларката го посети и штандот на Opel во сала 11, каде извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер ја извести за стратегијата за електрификација на компанијата.

Петте премиери на IAA на Opel вклучуваат три нови електрични модели: Corsa-e, Grandland X како плаг-ин хибрид и Corsa-e Rally.

Сите модели на Opel ќе бидат електрифицирани до 2024 година.

„Во 120 години автомобилско производство, Opel отсекогаш комбинираше германски инженеринг со страствен дизајн, правејќи ја пионерската технологија и иновациите достапни за секого.

Денес ова се однесува повеќе од кога и да е на електрична мобилност “, рече  Мајкл Лохшелер за офанзивата на електричната мобилност на Opel.

Покрај новите електрифицирани модели, новата Opel Astra и шестата генерација на бестселерот кaj малитe автомобили Corsa ги имаа своите светски премиери на годинашниот IАА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Новат Оpel Corsa Автомобил на годината во Македонија за 2020!

Range Rover Evoque најомилен компактен SUV во Европа

Auto, motor und sport: Abarth 595 е Најдобар автомобил пет години поред

Произведени седум милиони Škoda Octavia!

Volkswagen официјално го покажа лицето на новиот Golf GTI

Пад на побарувачката на нови автомобили на почетокот на годинава во Европа

VW Group повторно ја одложи одлуката за фабрика во Турција