Канцеларката Меркел – Германија до 2030 со милион станици за полнење EV

Светските информативни агенции ја пренесуваат изјавата на Ангела Меркел, канцеларка на Германија, дека сака драстично да го зголеми бројот на постојките за електрични возила во Германија, со цел да ги поттикне возачите возилата со внатрешно согорување да ги сменат со тие на електричен погон…

Првата дама на Германија тоа го кажала во своето редовно видео обраќање викендов и додала дека сака Германија до 2030 година да има во функција милион такви станици, премесува AP.

Во Германија засега постојат 21, 000 постојки за полнење на електрични возила.

Меркел во својата изјава рекла дека на следната седница на Владата ќе се разговара за нови поттици на Владата за Индустријата на електрични автомобили.

Во Германија неколку фабрики произведуваат електрични автомобили, меѓу кои и Daimler, BMW и Volkswagen, што пак има многу брендови под своја капа ( како Audi, Škodа и Porsche….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира