Карлос Гон Nissan ќе банкротира за две до три години!

Карлос Гон (Carlos Ghosn) поранешниот шеф на Алијансата Renault-Nissan- Mitsubishi, на прес конференција рекол дека неговата поранешна фирма (Nissan) ќе банкротира и тоа за две до три години …

Само како потсетување  ќе спомнеме дека Гон се соочува со неколку обвиненија за финансиска измама во Јапонија, но исто така и за затајување на данок.

Тој пред еден ден бил „гостин“ на уште една конференција за медиуми одржана во Токио ( на истата не бил физички присутен бидејќи веднаш би го уапсиле, а информациите што Гон ги дал ги пренел поранешниот јапонски обвинител Нобуо Гохара).

Карлос Гон ми кажа дека Nissan најверојатно ќе банкротира  за две до три години“, рекол Гохара одбивајќи подетално да го објасни  тоа тврдење на барање на новинарот на Reuters.

И претходно, минатата година се говореше дека апсењето на Гон би можело да доведе до сепарација на Nissan и на Renault, што од двете компании деновиве е отфрлено како чиста шпекулација.

Како и да е расплетот на целата ситуација поврзана со јапонскиот производител на автомобили во најмала рака ќе биде „интересен“.

Погледнете едно интервју што Гон заедно со сојата сопруга го дал минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Новат Оpel Corsa Автомобил на годината во Македонија за 2020!

Range Rover Evoque најомилен компактен SUV во Европа

Auto, motor und sport: Abarth 595 е Најдобар автомобил пет години поред

Произведени седум милиони Škoda Octavia!

Volkswagen официјално го покажа лицето на новиот Golf GTI

Пад на побарувачката на нови автомобили на почетокот на годинава во Европа

VW Group повторно ја одложи одлуката за фабрика во Турција