„Кармејкерите“ поради пандемијата имат 210 милијарди долари загуби

Пандемијата на корона вирусот значително ја погоди автомобилската индустрија и во 2021 година за што доволно говори податокот дека загубите се проценуваат на дури 210 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од првата прогноза од мај минатата година…

Според консултантската куќа AlixPartners од септември, до крајот на 2021 година се предвидува намалување на производството за 7,7 милиони автомобили, во споредба со првите прогнози во мај (3,9 милиони), пишува CNBC.

Дека состојбата во автомобилската индустрија во 2021 година била алармантна, е доказ с самото продолжување на турбуленциите предизвикани од пандемијата, исто така и намалениот обем на производство поради ограничувањата предизвика дестабилизација на понудата на микрочипови и полу пеовосници, што во периодот на растечката побарувачка спречи стабилно производство и испораки.

Зголемениот акцент на возилата со електрични и други алтернативни погони носи дополнителни промени во овој голем и многу важен сегмент од индустријата во светот“, велат експертите.

Дестабилизацијата на понудата на микрочипови ја одбележа изминатата година, а поради доцнење на испораките значително опадна обемот на производство.

Лошата вест дојде и од Toyota непосредно пред крајот на годината, со најава дека во јануари ќе го прекине производството во пет домашни фабрики поради проблеми со синџирот на снабдување, недостиг на чипови и пандемијата Ковид-19.

 

Најголемиот јапонски производител на автомобили соопшти дека затворањето на фабриката ќе влијае на околу 20.000 возила, но нема да влијае на нивната годишна цел на производство од девет милиони возила, објави Reuters.

„Во однос на половните автомобили, околу кои во последно време се крева голема прашина, побарувачката расте поради долгите рокови на испорака на нови возила.

 

Како што расте побарувачката, растат и цените, што е и очекувано.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“