Ќарот на производителите на супер автомобили по примерок прв Ferrari

По детална анализа на достапните податоци поврзани со деловното работење на производителите на спортски автомобили дојдовме до сознанија дека најголема чиста заработувачка по примерок има  Ferrari, околу 90.000 евра…

Речиси мануфактурно, мало сериско производство и богатата историја, имиџ и статус што ги има Ferrari си има своја цена и Италијанците знаат тоа да го наплатат.

Од тие пари остануваат доволно средства и за Formulа 1 Тимот на овој бренд

Инаку, Bugatti и Lamborghini бројките за своето деловно работење за минатата 2018 година ги споделуваат само со сопственици и акционери, но Ferrari, Porsche, Aston Martin и останатите големи играчи од првата лига, производители на скапи спортски автомобили не се стеснуваат да покажат како им оди бизнисот.

Информациите ги пренесува Jutarrnji list.hr.

Своите производи најдобро знае да си ги наплати црвената фурија од Маранело, бидејќи откако ќе ги исплатат сите трошоци, зад секој продаден автомобил им останува чиста заработка од 89.300 евра навистина звучи неверојатно.

Покрај тоа Ferrari e најуспешен и остварувањето на чиста годишна добивка по еден вработен.

Износот од 226 илјади евра е за половина поголем од тој на пример во  Porsche, што во минатата 2018 продал дури 256 илјади свои автомобили, но по вработен имал заработувачка во висина од по 133 илјади евра, a по продаден автомобил „само“ по 16.800 евра.

Сепак, во Штутгарт работат повеќе од 32 илјади лица, a во речиси мануфактурната работилница во Маранело само 3650 вработени.

Интересна приказна има зад Maserati, бидејќи по малку неверојатно звучи покажаната добивка по продаден примерок од 4300 евра.

Во оваа категорија и британскиот Lotus, инаку сега во сопственост на кинескиот автомобилски гигант Geely пополека се извлекува од мочуриштето на загуби па во таквите околности и чистиот ќар од навистина „слабите“ 1600 евра по продаден автомобил звучи повеќе од добро.

Минатата 2018 година британскиот McLaren ја завршил во минус од 20 милиони евра, што засега го покриваат мнозинските сопственици од богатиот Бахреин.

Или во народен стил кажано „Не е злато се што блеска“.

 

PORSCHE

Сопственик: Volkswagen

Продажба 256.255 (+4,0%)

Приход 25.784 mil. € (+9,8%)

Добивка 4298 mil. € (+3,5%)

Вработени 32.325

FERRARI

Сопственик Fiat Chrysler

Продажба 9251 (+10,2%)

Приход 3420 mil. € (+0,1%)

Добивка 826 mil. € (+6,6%)

Вработенo 3651

MASERATI

Сопственик Fiat Chrysler

Продажба 35.300 (-27,5%)

приход 2663 mil. € (-34,4%)

Добивка 151 mil. € (-73,0%)

Вработено 1683

LAMBORGHINI

Сопственик Volkswagen

Продажба 5750 (+50,7%)

Приход 1316 mil. € (+41,1%)

Добивка непознато

Вработени 1643

McLAREN

Сопственик Mumtalakat holding

Продажба 4829 (+44,6%)

Приход 1399 mil. € (+44,3%)

Добивка 20 mil. €

Вработено 1700

BUGATTI

Сопственик Volkswagen

Продажба 76 (+7,0%)

Приход  непознато

Добивка непознато

Вработени 300

LOTUS

Сопственик Geely

продажба 1630 (+2,0%)

приход 117 mil. € (+19,8%)

Добивка 2,6 mil. € (/)

Вработени 1487

 

ASTON MARTIN

Сопственик разни инвеститори

продажба 6441 (+26,3%)

приход 1221 mil. € (+25,2%)

Добивка 164 mil. € (+17,6%)

Вработено 2263

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai iMax N Drift Bus со повеќе од 400 КЅ!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Супер автопат ќе ги поврзува Лондон и Њујорк, преку Москва

Обединетите Арапски Емирати со хипер автомобил Dragon

Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

Паѓа последниот бастион на возачите: Autobahn со лимит 130 km/h!?

Првиот Lamborghini на струја Grand Tourer пристигнува 2025!?

Златан Ибрахимович за 38 роденден се почести со Ferrari Monza SP2

Спектакл: Денови на Abarth 2019 – 70-годишнина на црвената скорпија