Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Полека но сигурно во Kawasaki го развиваат нивниот електричен спортски мотоцикл …

Креацијата на познатата јапонска мара на мотоцикли веќе извесно време е предмет на интересирање на бројните поклоници на металните атови на две тркала, а за истата се знаат неколку работи, сега за сега.

Освен што е познато дека ќе го понесе името EV Endeavor, можеби најважната информација е дека ќе има мануелна  трансмисија на силата!

Електричниот мотоцикл на Kawasaki е развиван во согласност со RIDEOLOGY филозофијата на производителот од Јапонија.

Освен тоа, EV Endeavor ветува дека ќе биде машина што ќе биде исклучително забавна за возење, возбудлива и вистински предизвик, односно целосен одраз на тркачката страст што ја негува Kawasaki како иманентен елемент на брендот.

Самиот мотоцикл се базира врз популарниот Ninja 250 модел, со тоа што единицата со внатрешно согорување е заменетa со електричен агрегат, a се со цел да се понуди потполно нова димензија на возбудувањето.

Познато е дека електричните мотоцикли испорачуваат максимален вртежен момент веднаш штом ќе тргнат, a EV Endeavor не е исклучок од тоа.

Развиен е на тркачка патека, па според тоа мотоциклот би требало да биде лесен на тркала, како и со одлични управувачки особини и добар одговор во возењето.

Покрај сето тоа, тука е и мануелниот начин на пренос на силата, како и системот за поврат на кинетичката енергија што се ослободува при кочењето.

Повеќе детали би требало да пристигнат во текот на наредните недели…

А, до тогаш, еве ви можност да уживате во видео записот каде главната улога ја има токму EV Endeavor.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“

Освежување и неколку новини за Lexus LC 500