Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Нема ништо од дебито на Kawasaki Ninja ZX-25R мотоциклот бидејќи промоцијата што требаше да се одржи неделава е одложена поради пандемијата од корона вирусот- COVID-19…

Сега е јасно дека за новото издание на овој популарен јапонски мотоцикл ќе треба да почекаме за да дознаеме се што не интересира за моделот со агрегат со четири цилиндри и работен волумен од 250 кубни сантиметри .

Во меѓувреме Јапонците ја открија својата уникатна креација од јаглеродни влакна именувана како Kawasaki Ninja ZX-25R Racer Custom, a како што и името и кажува, станува збор за карбон варијанта на ZX-25R, наменета исклучиво за тркачки патеки.

Замислата што стои зад оваа креација е пред се промоција на Ninja ZX-25R моделот, но за голема жал на бројните љубители на марката и на моделот на мотоциклот, нема да се најде во продажба. Иако, од компанијата порачуваат дека идните сопственици на ZX-25R ќе можат самите да состават таква машина, бидејќи сите елементи се достапни во каталогот за делови на  Kawasaki.

Без сомневање ќе има и такви кои ќе се речат на таков чекор, особено поради перформансите што кај ток карбонски модел ќе бидат навистина супериорни.

А во однос на регуларната изведба на ZX-25R се надевама дека ќе ја видиме во што е можно покус рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“