Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Иако се чини дека сè уште чекаме 2020 година да тргне кон подобро, во светот на моторите, веќе се знае дека не чека возбудлив дел од годината кога ќе бидат претставени нови машини на две тркала…

Кога станува збор за Kawasaki, не чекаме ниту еден, ниту два, туку шест нови модели за 2021 година. Иако нема да имаме можност да ги видиме на саемот EICMA, ќе можеме да уживаме во нивната презентација преку Интернет. Датумот на лансирање е закажан исто така, 23 ноември, а прашањето што ги мачи сите е – кои се новите модели од јапонскиот производител.

Најновите тизери не откриваат многу, но има и претпоставки за тоа што нè чека.

Во врвот на понудата треба да бидат освежениот модел ZX-10R и ZX-10RR, иако многумина претпочитаат тоа да биде целосно нова генерација. Сепак, неодамнешните иновации кај Yamahа и Hondа, како и неодамна најавениот BMW М1000RR, би можеле да ја охрабрат јапонската компанија да посвети повеќе време барем на ZX-10RR, со цел да се задржи доминацијата во шампионатот на WSBK.

Веќе е кажано дека се подготвува посилен RR. Tоа се случи минатата година, додека Реа се бореше против Баутиста. Исто така, се верува дека Британецот потпишал нов договор под услов Kawasaki да работи на споменатата машина.

Kawasaki H2 ќе биде под влијание на претстојните регулативи за емисија, но не очекуваме директна замена, особено кога Bimoto Tesi H2 сега е во игра. Турбо модел линијаta би можела да добие еден или повеќе нови членови, а останува да видиме што планираат Јапонците. Некаде може да слушнете дека ја чекаме варијантата SE, ориентирана кон turing, а се споменува и можноста за нов модел на Z Vulcan.

Можеби најинтересното прашање е што подготвува šta Kawasaki за of road ентузијастите.

Eдна од новините се очекува да биде и освежен KLX 250, а се шпекулира дека во плановите може да биде и ADV модел од средната класа, можеби KLR 650 или KLX 700. Вториот може да биде ривал на Yamaha Tenerе 700.

Можеби очекувате суптилно дотерување за Versys, но не треба да се исклучи и целосно средување на оваа машина, за да може да се справи со Honda CBX на пазарот.

Во секој случај, се се тоа  само претпоставки. Сите одговори ќе ги добиеме на 23 ноември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW R18 Classic

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Ducati повторно на продажба

Електричен мопед Segway eMoped C80

Benda LF-01 concept

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster