Ќе нема веќе „МК“ на табличките на возилата, возачите ќе мора да ги заменат со „НМК“

Последен рок за задолжителна промена на старите таблички со новите е до 12 февруари наредната 2024 година…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12 февруари 2024 година, мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ (Macedonia – Македонија) со ознаката „НМК“ (North Macedonia – Северна Македонија).

Измените важат и за оние таблички кои се постари, кои имаат три бројки на табличките и кои немаат „МК“ на табличките. Значи, измените ќе важат за сите возила.

„Согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година“, стои во соопштението на МВР.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cadillac за оваа 2023 најавува три електрични автомобили

Нова Honda Inspire

Toyota ќе ја забрза електрификацијата

Германците предвидуваат доминација на EV но истите не ги сметаат за посакувани

Alfa Romeo конечно делува како премиум марка

Бензините поскапуваат, додека дизелот поевтинува

Електричниот наследник на Opel Grandland пристигнува идната година

Најпродавани EV на планетава во 2022 година- лидер е Tesla

Германија нема да го блокира кинескиот BYD при евентуалното преземање на фабриката на Ford