Ќе се врати ли Volkswagen Beetle како електричен автомобил!

Volkswagen минатото лето се прости од моделот Beetle, или легендарната „Буба“, но изгледа дека тоа било само довидување, а не конечно збогум на автомобилската икона, бидејќи минатата недела, во Европската канцеларија за интелектуална сопственост  пријавиле многу патенти за EV меѓу кои и електрична „Буба”  …

Кога Volkswagen одлучи да стави крај на производството на легендарната „Буба“, минатото лето, откако го произведе последниот примерок во Мексико, легендарниот модел не беше дел од нивните планови за електрификација, но изгледа дека тоа се промени во меѓувреме.

Овој заклучок може да се извлече од фактот што Volkswagen поднел барање за регистрација на заштитниот знак e-Beetle, помеѓу барањата за повеќе електрични автомобили, во Европската канцеларија за интелектуална сопственост минатата недела.

Во моментов истите се разгледува.

Според информациите што се појавија на одредени форуми, овој заштитен знак може да се користи во речиси секоја сфера од автомобилската индустрија – од автомобили, до технологија и резервни делови.

Дали ова значи дека електричната „Буба“ наскоро ќе пристигне?

Можеби, а и не мора да значи, бидејќи е честа појава меѓу производителите да регистрираат различни имиња и никогаш да не ги користат, што е тактика за спречување на конкуренцијата да го користи истиот назив, а Beetle е мошне важно име во историјата на компанијата.

Од друга страна, електричната „Буба“ би била идеален додаток во ID семејството.

Би можела да биде поставена на MEB платформата, со што автомобилот ќе биде компатибилен со повеќе електрични мотори и со повеќе типови на батерии.

 

Покрај e-Beetle, Volkswagen исто така поведе процес за заштитување на имињата како e-Golf Classic, e-Karmann и e-Kubel.

Само како потсетување ќе кажеме: VW веќе размислувал за едно такво возило уште во 2012 година, кога го претстави тогашниот авангарден концепт E-Bugster.

Прикажаната изведба со две седишта беше опремен со електричен мотор од 85 kW/ 116 КС, и литиум-јонски батерии кои му дозволија на автомобилот автономија на скромни 180 км.

Но, сепак, E-Bugster Concept, остана токму како што сугерира и неговото име – само концепт, бидејќи никогаш не влезе во серија производство, но времињата се менуваат…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Archer -Летачко такси – лек за сообраќајниот метеж во Мегалополисите

Шефот на Daimler во одбрана на plug-in хибридите

VW инвестира во погони за производство на батерии

Hyundai се откажува од V8 мотори

Се подготвува Ford Megazilla -V8 мегабензинците не се предаваат

Сите нови возила со системи за спречување на пречекорување на брзината

Фабриката на Volvo Cars во Торсланд со целосно неутрален статус кон климата

Електричниот автомобил Airo го прочистува и воздухот!

Volkswagen официјално започна и голем проект на грчкиот остров Астипалаја