Kia доби ново лого!

На Заводот за патенти во Јужна Кореја Kia му испрати ново лого во форма на исклучително намалено и веќе видена во студио форма пренесува германскиот специјализиран магазин Auto Bild….

Имено, по VW и Kia сега го менува својот логотип а печатот е поднесен на заводот на патенти во Јужна Кореја минатиот месец, поточно на 26 ноември тековната 2019 година.

Новото лого е многу намалено, црвениот круг околу името на марката не е изоставен, а буквите „Kia“ се уште појасни одошто беа претходно. Трите букви се уште повеќе приближени едно до друго, a „A“ се навалува на страна под агол од 45 степени.

Во новиот логотип на Kia нема сенки или други 3D ефекти, што го олеснува неговиот дигитален приказ.

Само за нови погони!?

Меѓутоа ре дизајнираната верзија не е сосема нова: електричната студија Imagine by Kia, инаку прикажана на Салонот а автомобили во Женева во март тековната 2019 година, веќе имаше сличен логотип – но буквите таму се уште не се толку блиску едни до други.

Се уште не се знае кога новото лого ќе најде на првите модели на марката.

Исто така, Kia може да ги употребува само буквите на хибридите електричните автомобили за појасно да се разликуваат од моделите со мотори на внатрешно согорување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Sony продолжува со развојот на концепт автомобилот Vision-S

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Ares Design најавува нов модел!

Вака би можел да изгледа новиот Audi RS3 -пеницилин за Mercedes-AMG A45!

Најлуксузниот автомобил на Корејците доби ексклузивна варијанта

Porsche 718 Cayman GT4, 718 Spyder и 718 Cayman GTS 4.0 со автоматски менувачи

Twitter овозможи работа од дома за секогаш на вработените !

2021 Bentley Bentayga освежување за бестселерот на марката!

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!