Kia EV6 GT како наследник на Stinger – нов знаменосец на брендот

Од Kia потврдија дека нарачките за моделот Stinger се затворени, со што се отвора патот за новиот целосно електричен EV6 GT, најмоќното возило што Киа некогаш го има произведено и новиот предводник на јужнокорејската марка.

Лансиран во 2017 година, Kia Stinger оттогаш забележа многу потребни надградби во високо конкурентниот европски сегмент на спортски седан модели.

Stinger, кој е придвижуван од 3,3-литарски V6 бензински мотор со двоен турбо полнач, до неодамна беше Kia со најбрзо забрзување, за само 4,9 секунди од 0 до 100 km/h.

EV6 GT ќе го наследи Stinger како најпрестижниот grand tourer на Kia

Stinger исто така беше иконскиот автомобил на Kia. Седанот со високи перформанси со погон на задните тркала беше реализација на храбрите намери на марката да создаде возило способно да поминува долги растојанија со удобност и стил.

Grand tourer моделот на Kia го претстави брендот со различен тип на клиенти и одигра важна улога во преобликувањето на перцепцијата за Kia.

Електричниот EV6 GT со 585 КС забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,5 секунди

Новиот модел Stinger не само што ја носи круната како Kia со најбрзо забрзување (3,5 секунди од 0 до 100 km/h), туку е и најмоќниот сериски автомобил што Kia некогаш го направила.

Неговиот електричен погон со два мотори (еден напред и еден назад) може да се пофали со моќност од дури 585 КС и максимален вртежен момент од 740 Nm.

EV6 GT е изграден на електричната глобална модуларна платформа (E-GMP) на Kia дизајнирана за голема моќност на електрични возила.

Со мотори на двете оски и батерија со долг домет од 77,4 kWh сместена под рамниот под на кабината, EV6 GT нуди пространа внатрешност во елегантна форма на crossover модел инспирирана од Coupe форма.

Неговиот домет со едно полнење е до 424 km (WLTP, комбинирано), додека технологијата за полнење 800 V овозможува да се наполни многу брзо од 10 до 80 проценти полнење на батеријата за само 18 минути.

Првите клиенти на EV6 GT од Европа веќе ги добија своите возила

Kia ќе ги исполни сите постоечки нарачки од клиентите на Stinger и ќе продолжи да обезбедува целосна грижа за клиентите и поддршка за услуги на сопствениците на Stinger.

Веќе се во тек првите испораки на EV6 GT моделите за клиентите на Стариот континент.

ПР сoопштение

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Chevrolet Aveo

Подновен Nio EC6

Светска премиера: Нов Renault Espace: Иста DNK, нова генерација

Електричен MINI Cooper SE Cabrio

Подновениот Volkswagen Touareg пристигнува во мај годинава

И официјално Ford Explorer EV

Нов Subaru Crosstrek

2023 Alfa Romeo Giulia & Stelvio

Radical SR10 XXR