KIA ги објави резултатите од 2021 и планот на продажбата за 2022 година

Продажбата на Kia во 2021 година достигна 2,78 милиони возила, што е за 6,5% повеќе отколку во 2020 година…

Корпорацијата KIA објави дека минатата година продале вкупно 2.777.056 возила, што е за 6,5% подобро од претходната година. Продажбата надвор од Јужна Кореја е за 9,1% подобра отколку во 2020 година

Продажбата на Kia надвор од Јужна Кореја во 2021 година се зголеми за 9,1% во однос на претходната година, што значеше продадени 2.242.040 возила, додека продажбата во Кореја достигна 535.016 возила. Во декември 2021 година, Kia продаде 208.965 возила.

Најпопуларен модел во 2021 година беше спортскиот теренецот Sportage, кој пронајде 363.630 нови клиенти. Зад Sportage следеа теренецот Seltos (298.737 продадени примероци) и седанот Forte (240.627 примероци), кои не се продаваат во Европа.

Kia минатата година постигна раст благодарение на ефикасната стратегија за управување со синџирот на снабдување и успешното лансирање на нови модели, предводени од електричниот кcrossover- EV6.

Kia има намера да продаде повеќе од 3 милиони возила во 2022 година

Во 2022 година, Kia има намера да продаде 3,15 милиони возила – од кои 562.000 возила во Јужна Кореја и 2,59 милиони возила на други пазари.

Kia планира да го задржи својот моментум на продажба во 2022 година со намалување на влијанието на прекините во синџирот на снабдување, што ќе се постигне преку оптимизирани планови за производство, а истовремено ќе обезбеди водечка улога на глобалниот пазар на електрични возила со својата единствена електрифицирана мобилност.

Покрај тоа Kia ќе лансира неколку нови модели оваа година, предводени од EV6 GT и целосно новиот Niro, што ја одразува нејзината посветеност да стане давател на услуги за мобилност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година