KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

Инвестициите на автомобилскиот гигант од Јужна Кореја ќе ги засиле постојните нивни партнерства на тоа поле…

Kia Motors, како дел од концернот Hyundai Motor Group, и Aurora Innovation Inc. неодамна потпишаа договор дека сестринските фирми, Hyundai Motor Company и Kia Motors Corporation, ќе инвестираат дополнително во Aurorа за да го забрзаат развојот на технологијата за автономно возење.

Дополнителната инвестиција ќе го засили стратешкото партнерство што трае од 2018 година, кога стартуваше соработката во развој на технологиите за автономно возење на моделот NEXO со погон на горивни ќелии.

Со тие нови инвестиции партнерите со обврзале дека ќе ги прошират истражувањата на различни модели за што побргу да се создаде оптимална платформа за автономни возила.

„Aurora e водечки иноватор на полето на развој на технологии за автономно возење и се радуваме на уште подобрата соработка со нив”,кажал Јонгчо Чи (Youngcho Chi),претседател на одделот за иновации во концернот.

„ Заедничката работа со светскиот лидер на тоа поле ќе ни помогне да развиеме потполно нови автономни возила што се сигурни и иновативни за нашите купувачи.”

Соработката во развојот на платформите за автономни возила и услуги Aurora Driver сега добива нова понапредна фаза.

По основањето Aurora бргу станува водечка компанија на полето на развој на технологија за автономни возила. Нивниот систем Aurora Driver се состои од лидар, радар и камери, што го препознаваат светот околу возилата, a тука е и сметачот што го задвижува модулот на  softwarea, што овозможува логично сфаќање на светот и планирање на сигурно патување.

Со вградување на Aurora Driver возилата на Kia ќе ја унапредат способноста за следење, потоа за побрз одговор и за прилагодување на различни опкружувања.

Партнерството на Kia со Aurorа е дел од желбите на концернот да израсне во лидер на полето на автономното возење.

Концернот во 2017 година успешно го претстави делувањето на технологијата за автономни возила а демонстрацијата на можностите е направена во  регионот на Лас Вегас.

Во 2018 година, на Зимските Олимписки Игри во ПконгЧанг  (PyeongChang) во Јужна Кореја претставија флота на автономни возила  од четврто (4) ниво на автономија.

Во 2021 година Kia има намера да почне со комерцијална употреба на автономните возила од четврто (4) ниво со пробна флота на автономни роботски – такси возила во спомнатите градови.

Совладувањето на ограничувањата што постојат во моментов за возилата и за возачите  Kia ќе ги збогати животите на своите клиенти и ќе им овозможи вистинска cлобода на мобилноста.

Мисијата на Aurora е да ги понуди предностите на технологијата за автономни возила  сигурно, брзо и широко.

Платформата Aurora Driver комбинира software и hardware со цел да овозможи транспорт од иднината.

Инаку, Aurora, што во 2017 година е основана од три лидери од полето на автономното возење – Крис Армсон (Chris Urmson),  Стерлинг Андерсон (Sterling Anderson) и Дру Бенел (Drew Bagnell), има уред и тестира возила во американските градови Пало Алто (Palo Alt) Сан Франциско (San Francisco) и Питсбург (Pittsburgh).

Инвеститори во Aurorа се и некои  најголеми компании и фондови на светото како на пример : Amazon, Sequoia, Greylock ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со VEX роботски елек KIA ја олеснува работата на работниците!

Hyundai воведува задни и средишни возушни перници!

Поевтино и побрзо производство на електроди за батерии

BMW X6 во Vantablack црна, најцрната од сите црни бои!

Audi се приклучи на партнерството помеѓу Mercedes и BMW

JLR со директна 3D технологија без помагала проектира во возилата

Bosch воведува 3D дигитална инструмент плоча!

Chevrolet со нов систем што условува врзување на појас

Razer со Chroma и кај автомобилите