Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Kia ја откри првата фаза од планот за иднината – седум нови BEV (Battery Electric Vehicle) автомобили кои ќе бидат лансирани до 2027 година низ повеќе сегменти,  првиот BEV автомобил на брендот, со кодно име CV, ќе биде презентиран во 2021 година со што ќе ја открие новата насока на дизајнот на Kia, а целосната постава на BEV модели ќе ја позиционира Kia како водечка ЕV марка на глобалниот пазар…

Сеул, 16 септември 2020 – Kia Motors Corporation сподели дел од својата деловна стратегија за глобално електрични возила (EV), откривајќи скици на неколку од идните вакви модели на брендот (BEV – Battery Electric Vehicle). Деталите за следниот EV модел на Kia ги објави претседателот и извршниот директор, Хо Сунг Сонг.

Kia има за цел да биде лидер на глобалниот пазар за електрични автомобили со тоа што за краток период ќе понуди повеќе вакви модели. Брендот ќе лансира разновиден спектар на BEV модели, а овој план ќе биде поддржан од компании за полнење ширум светот.

„Kia продаде повеќе од 100.000 BEV автомобили ширум светот од воведувањето на нашиот прв модел во 2011 година – Kia Ray EV“, вели извршниот директор Сонг. „Оттогаш, започнавме да воведуваме низа нови предлози за глобалните пазари и постепено најавувавме за забрзување на овој процес во наредните години. Со ваквиот фокус кон електрификација, имаме за цел ваквиот тип на возила да учествуваат со 25% во вкупната светска продажба до 2029 година“.

Според стратегијата Plan S, објавена на почетокот на 2020 година, брендот планира да ја прошири својата линија на BEV до 11 модели до 2025 година. Во истиот период, Kia има за цел BEV автомобилите да сочинуваат 20% од вкупната продажба на возила на напредните пазари како Кореја, Северна Америка и Европа. Седумте модели претставени денес на оваа скица, ќе бидат лансирани до 2027 година.

Првиот од овие BEV изведби, со кодно име CV, ќе биде откриен во 2021 година, а истиот ќе биде наменет за многу региони на глобално ниво. Новиот модел ќе го понуди истиот конкурентен квалитет и привлечниот дизајн како другите возила на Kia, со одлични карактеристики за возење и полнење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа