KIA најави уште еден мал SUV

Додека чекаме на crossover верзија од семејството на  Ceed, што би требало да се вика Xceed, од Kia Motors најавуваат уште една креација во SUV сегментот…

Станува збор за сериска верзија на SP concept  изведбата од  2018 година (претходно, годинава е претставен и SP Signature концепт што е поблиску до производната верзија), но засега не се знае неговото име.

Како најава може да послужат овие „тизери“ во вид на цртежи, а неофицијално се „зборува“ дека Kia, овој нов урбан SUV би можела да го нарече – Tusker.

Официјалната премиера е најавена за втората половина на тековната 2019 година, при што продажбата најнапред ќе стартува на домашен терен- во Јужна Кореја.

Како што велат од KIA станува збор за глобален модел, а тоа значи дека би требало да биде понуден и на пазарот во САД.

Во моментов нема официјални информации за палетата на мотори, но неофицијално (повторно) се спомнуваат : 1,4-литарски турбо бензинец и 2,0-литарски атмосферски агрегат (гамата во секој случај ќе зависи од пазар до пазар).

Еден од менувачите во понудата би требало да биде и автоматскиот со седум степени на пренос на силата со двојна спојка, a информациите велат и дека овој модел би требало да биде достапен само во верзија со погон на тркалата од предната оска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha