KIA Niro Plus

Kia го претстави Niro Plus, своето прво наменско возило (PBV – purpose-built vehicle)…

Како снабдувач на решенија за одржлива мобилност, Kia истражува различни начини да им помогне на луѓето и компаниите во мобилноста на иднината, а компанијата очекува нејзините модели PBV да бидат важен дел од таа очекувана иднина.

Niro Plus ќе се користи како општ модел и такси со нулта емисија во Јужна Кореја, при што компанијата ќе ја измени првата генерација на моделот Niro EV за да ја направи погодна за секојдневна употреба во големите градови со густ сообраќај.

Исто така, не-такси верзијата на Niro Plus ќе биде достапна и во странство, но во втората половина од годинава.

Покрај верзијата на целосно електрично возило (BEV), Niro Plus ќе биде достапен и како plug-in хибрид (PHEV) и хибрид (HEV).

Во споредба со стандардниот модел, Niro Plus Taxi е продолжен за 10 mm и е повисок за 80 mm.

Покрај тоа, Niro Plus Taxi има и модифицирани седишта, како и дополнителна опрема за безбедност на патниците, а секако обезбедена е и поголема практичност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30