KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

KIA Sonet е вториот „направен во Индија“ (made in India) автомобил по моделот Seltos…

Kia Motors India, подружница на глобалниот автомобилски играч и гигант Kia Motors, ги откри првите информации поврзани со претставувањето на новиот компактен SUV модел – Kia Sonet.

Концептот Sonet беше претставен за прв пат на Delhi Auto Expo 2020.

Со новата слика, објавена денес, Sonet  сака да постави нови репер за дизајн и да донесе нова динамика во компактниот SUV сегмент кога ќе се открие кон крајот на летото, тековната 2020 година.

KIA Sonet ја нагласува динамичката ДНК на марката, комбинирајќи го емотивниот дизајн со супериорната и младешка привлечност за создавање силно присуство на патот.

-На нашиот нов модел Sonet му посветивме бескомпромисно внимание на деталите и изборот на бои и материјали што можеа да бидат инспирирани од големото културно наследство што нашите дизајнери го пронашле ширум цела Индија, изјавил Карим Хабиб, потпретседател во KIA Motors и шеф  на дизајнерскиот центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Sony продолжува со развојот на концепт автомобилот Vision-S

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

Ares Design најавува нов модел!

Вака би можел да изгледа новиот Audi RS3 -пеницилин за Mercedes-AMG A45!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Најлуксузниот автомобил на Корејците доби ексклузивна варијанта

Porsche 718 Cayman GT4, 718 Spyder и 718 Cayman GTS 4.0 со автоматски менувачи

Twitter овозможи работа од дома за секогаш на вработените !

2021 Bentley Bentayga освежување за бестселерот на марката!