Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пред некој ден, во емисија на локалното ТВ Zik,рекол дека во главниот град на Украина, во случај на драстично влошување на ситуацијата со корона вирусот би можело да се забрани користењето на приватни автомобили на градските сообраќајници…

Сепак, дополнително истакнал дека воведување на таквата мерка би можело да стане реално само со цел н превенција од  „експлозија на заразата “.

„ Доколку забележиме дека дошло до експоненцијален пораст на бројот на заразените, ќе бидеме принудени да преземеме мерки што би спречиле инфицирање на илјадници нови луѓе. Во таа ситуација, не би се двоумеле ниту од донесување на одлука потполно да го укинеме превозот со приватни автомобили на градските улици ,” изјавил Кличко.

Меѓутоа набргу пристигнала смирувачка изјава.

Пред еден ден истиот Кличко дека најавената, евентуална забрана за возење на автомобили во приватна сопственост во главниот град на Украина поради пандемијата, е можна единствено со соодветна одлука на сојузната Власт.

Причината за атерирање во однос на првично најавената можност, веројатно се рие во големиот искажан бес на „моторизираната“ јавност, посебно имајќи во вид дека во Киев јавниот градски превоз е вон функција .

“Затоа јас постојано инсистирам на придржување на упатствата што ги даваат Власта и лекарите од официјалните државни институции. Не сааме оваа ситуација да ескалира и да ни наметне донесување на воведување на уште по драстични мерки за запирање на ширењето на заразата . На крајот на краиштата, никој не може да ве спаси од вирусот, доколку и пред се вие самите со одговорно однесување, не се чувате” длабоко умно заклучил првиот човек на Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…