Килиан Мбапе ги обожава моделите на Volkswagen

Сите сигурно знаеме кој е Килијан Мбапе – cлавниот француски фудбалер моментално е вториот најкорисен фудбалер во светот откако Пари Сен Жермен плати дури 180 милиони евра за него пред четири години додека тој се уште беше играч на Монако.

Неговата годишна плата од клубот и спонзорите се проценува на околу 90 милиони евра, па може да се очекува дека живее многу добро? Познато е дека спортистите се расфрлаат и трошат пари на сè што е скапо, за да ја покажат дебелината на своите паричници (како на пример Кристијано Роналдо), но Kилијен Мбапе ( Кylian Мbappe) е донекаде исклучок од тоа непишано правило. Всушност, далеку е од фактот дека славниот Французин во својата колекција нема некои многу скапи креации на четири тркала, но повеќето од останатите модели се достапни и за „обичните смртници“. Па да почнеме по ред…

Врвот на неговата колекција е Ferrari 488 Pista и неговата вредност се проценува на околу 550 илјади американски долари. Италијанскиот суперавтомобил развива дури 710 КС и му требаат само 2,8 секунди за да забрза од мирување до 100 km/h. Максималната брзина е 338 km/h, а Ferrari претходно соопшти дека ќе го ограничи производството на само 3.500 единици. Некои извори велат дека тој поседува уште едно Ferrari, моделот SF90 Stradale, но оваа вест никогаш не е потврдена и е само прашање на шпекулации.

Потоа доаѓаме до возилата во кои Мбапе е виден секојдневно и повеќето од нив се всушност Volkswagen. Оваа вест и не е толку изненадувачка кога се знае дека германскиот производител на возила е спонзор на француската репрезентација веќе десет години.

Се чини дека камерите најчесто го фаќаат зад воланот на кросоверот Tiguan, а можеме да го видиме и во Touareg, Multivan и новиот електричен crossover модел наречен ID.5. Французинот сака да го користи Mercedes V Class како комбе за возење на долги релации, иако не вози, не е зад воланот, но ужива во удобноста на задните седишта.

Volkswagen во својата понуда има уште неколку интересни модели, па се прашуваме зошто Мбапе не го избрал атрактивниот Arteon или сличен поскап автомобил конструиран од германскиот гигант. Се шпекулира дека неодамна купил нов Range Rover за семеен превоз, а иако неколку пати е фотографиран со Bugatti, оваа компанија потврди дека се уште не му доставила ниту еден примерок на францускиот ас.

Сè може да се промени во блиска иднина. Имено, Мбапе веќе некое време е несреќен во Париз, а веруваме дека тоа се должи на неможноста на тимот да ја освои Лигата на шампионите, па неговиот трансфер во големиот Реал Мадрид е само прашање на денови (според шпекулациите иако има и контрадикторни вести дека претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез се „оладил“ и noвеќе не го сака Мбапе, но во бизнисот љубовта и сакањето се споредни нешта) .

Како и да е во Реал мадрид флотата за клубот е сочинета од модели на баварскиот BMW, кој е главен снабдувач на возила за кралскиот тим од Мадрид…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследникот на Nissan Leaf ќе биде crossover

Колку време е потребно бришачите на шофершајбната да станат неупотребливи?

Aston Martin ги откажа плановите за Vanquish со среден мотор

Новиот Daihatsu Taft како ривал на Suzuki Jimny?

Истражување: Кои возила се посигурни, електричните или дизелите и бензинците?!

Електричен BMW M3 ќе го носи името iM3!?

Земја во која  е забрането да се вози во зимска јакна/капут?!

Во Германија сега е дозволено да се користи дизел гориво што не содржи нафта

Електричнaтa Mercedes G Class се врти во место!