Речиси седум милиони луѓе купиле нов електричен автомобил во Кина минатата година, што е убедливо најмногу во светот…
Кинезите се колнат во електрични автомобили, особено во се повеќе популарните домашни марки.
Тие се модерни, поквалитетни и поевтини. Најмалиот Wulling, кој вообичаено не ги исполнува европските безбедносни стандарди, може да се купи за нешто повеќе од пет илјади евра.
“Кинеските автомобили стануваат се подобри и подобри. Возењето е поудобно, побезбедно, а изгледот е многу подобар. Кинеските брендови стануваат сè поконкурентни, воведоа многу подобрувања”, вели Ву Џе (Vu Je), експерт за кинескиот пазар на автомобили. .
Кинезите немаат навики и верувања како ние во Европа дека најдоброто е прецизно дефинирано – обично германска марка на автомобили.
Нивните дедовци возеле велосипеди, нивните татковци возеле мотори, па побрзо пробуваат нешто ново.
Исто така низ Азија, германските, јапонските и американските автомобили губат пазарен удел на кинеските марки. На пример, BYD, акроним што значи „Креирај го твојот сон“, се повеќе се натпреварува дури и со Tesla, од која Кинезите научија најмногу.
„Транзицијата кон електрични возила е глобален тренд. И ова е наша можност да го отвориме нашиот пат кон европскиот пазар, тврдината на автомобилизмот, особено Германија, која е синоним за квалитетни и луксузни автомобили“, рече Кис Чен, директор на оддел за извоз под брендот NIO.
Кина ја добива битката за превласт на автомобилскиот пазар главно на сметка на растечката продажба на електрични возила.
Дома има широка мрежа на полначи, пристап до суровини и последно, но не и најмалку важно, поддршка од државата, која систематски и финансиски ги поддржува ваквите компании.